Зарина Првасевда со предновогодишен концерт „Кадифено“ во Филхармонија

Пејачката Зарина Првасевда ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје на 20 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Македонската филхармонија.

Настапот ќе биде промоција на нејзиниот најнов музички проект „Кадифено“, кој ветува топло и длабоко музичко доживување исполнето со тивка магија што само музиката може да ја донесе.

За првпат на сцената во Скопје ќе настапат двајца врвни турски музичари: Џенк Ердоган, еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата, познат светски виртуоз на инструментот, и Ахмет Алан, перкусионист и мултиинструменталист со префинета техника и изразена сценска харизма. Тие се сметаат за уметници кои со својата маестралност освојуваат широка публика.

На сцената ќе им се придружат и македонските музичари Андреа Мирчевска, добитничка на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар, позната како врвен басист и активна на македонската џез сцена, и Тони Арслан, виртуозен музичар од Охрид, кој започнал музичко образование уште во рана возраст и има бројни настапи и како солист и во оркестри.

Зарина Првасевда најавува дека концертот ќе биде уникатно музичко патување, полно со сончеви ритми, страст и виртуозност, создавајќи атмосфера во која публиката ќе може да ги отвори срцата, да слушне и да доживее искрена и човечка музика.

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на drugastrana.mk. Оваа концертна промоција е најава за спектакуларна вечер која ќе го збогати музичкиот културен живот во Скопје и ќе овозможи незаборавни музички моменти.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

МК сцена

28 април 1980: Родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Прво издание на панк-рок фестивалот Хаос фест на 16 мај

Read more

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Read more

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени

Read more
 

Сцена

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе