9 август 1986: Последниот концерт во живо на Queen со Фреди Меркјури

На денешен ден, 9 август, во 1986 година, групата Queen за последен пат настапи во живо со својот фронтмен Фреди Меркјури.

Концертот се одржа во Небворт Парк, Стивенејџ, Велика Британија. Пред публика од 120.000 луѓе, Фреди го затвори концертот со „We Will Rock You"/"We Are The Champions“ и „God Save The Queen“.

Queen е еден од најпознатите британски рок бендови, по потекло од Лондон. Од настанувањето во 1970 година, бендот функционираше во составот Фреди Меркјури - вокал и пијано, Брајан Меј - гитара, Џон Дикон - бас гитара и Роџер Тејлор - тапани, сѐ до смртта на Меркјури како последица од СИДА во ноември 1991 година.

Во својата успешна кариера, Queen стана еден од најпочитуваните бендови на сите времиња со стотици милиони фанови низ светот, а неговата музика сѐ уште влијание на модерната рок музика. Меѓу нивните најпознати хитови се „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“, „We Will Rock You“, „We Are The Champions“ итн. По смртта на Фреди Меркјури во 1991, во организација на Queen се одржа познатиот концерт во чест на Фреди Меркјури во 1992, на кој најголемите музички ѕвезди од светот му оддадоа почит на легендарниот пејач и ги испеаја неговите, но и нивните авторски песни.

Во 1995, останатите три членови на Queen, користејќи ги демо-снимките на Меркјури, го создадоа албумот Made In Heaven посветен на пејачот. Во 1997, бендот ја сними нивната последна песна како Queen, „No-One but You (Only the Good Die Young)“, посветена на принцезата Дaјана, но и на нивниот вокалист, колега и пријател, Фреди Меркјури. По овој хит, басистот Џон Дикон го напушти бендот несакајќи да продолжи без неговиот идол, по што Брајан Меј и Роџер Тејлор продолжија да снимаат со нивниот пријател Пол Роџерс како Queen + Paul Rodgers.

Погледнете го историскиот концерт:

Remote video URL
реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Музика

Како младите генерации го „воскреснаа“ слушањето музика на ЦД?

Read more

Шестмина повредени при демонтирање на сцената по концерт на Ед Ширан

Read more

Поранешен член на банда прогласен за виновен за убиството на Тупак: Се фалеше 30 години

Read more

Еминем сподели неочекувана емотивна порака од Доли Партон 

Read more

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Читај повеќе
  • play_arrow

Новата хорор-комедија Widow's Bay доминираше на доделувањето на наградите Еми

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот Buddy предизвика поделени реакции: Крвав хорор што изгледа како детска емисија

Читај повеќе

Суперхерој и надвор од екранот: Кристијан Бејл отвори центар за згрижување деца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Свини одговори на критиките за сексуализирање на спортот

Читај повеќе

Дајте му на дечково покачување на плата!

Читај повеќе

По примерот на Доналд Трамп: South Park стана South America

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе