Bad Bunny ќе настапи на полувремето на Супербоул 2026

Познатиот порторикански рапер Бенито Антонио, познат како Bad Bunny, ќе настапи на полувремето од Супербоул LX, кое ќе се одржи во недела, 8 февруари 2026 година, на стадионот „Леви'с“ во Санта Клара, Калифорнија.

Веста беше објавена за време на полувремето од натпреварот помеѓу Далас Каубојс и Грин Беј Пекерс синоќа. Кратко пред тоа, НФЛ објави „голема најава“ на социјалните мрежи, што дополнително го зголеми интересот на јавноста.

На својот Instagram профил, Bad Bunny сподели видео во кое седи на качен на рагби гол на плажа, додека во позадина е видливо шарено зајдисонце. Камерата полека се оддалечува, а над сликата се појавува текст што го најавува неговиот претстоен настап, спонзориран од Apple Music.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Benito Antonio (@badbunnypr)

Во објава на платформата X, Bad Bunny рече: „Размислував за тоа овие денови и откако разговарав со мојот тим, решив дека ќе имам само еден настап во Соединетите Американски Држави“.

Оваа одлука е поврзана со неговиот претходен став дека нема да настапува во САД поради политиките на претседателот Доналд Трамп и користењето на имиграциската служба ICE.

Минатогодишниот настап на Супербоул му припадна на Кендрик Ламар, а пред него, публиката ја забавуваа Ашер (2024), Ријана (2023) и легендарниот настап од 2022 година предводен од Др. Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар.

Од 2019 година, Џеј-Зи и неговата компанија Roc Nation имаат соработка со НФЛ, а Џеј-Зи игра клучна улога во изборот на изведувачите за шоуто на полувремето.

„Она што Бенито го прави и продолжува да го прави за Порторико е навистина инспиративно. Почестени сме што тој ќе настапи на најголемата сцена во светот“, рече Џеј-Зи.

Remote video URL

Bad Bunny додаде: „Она што го чувствувам оди подалеку од мене. Ова е за оние што дојдоа пред мене и истрчаа безброј јарди за да можам да дојдам и да постигнам тачдаун. Ова е за мојот народ, мојата култура и нашата историја. Оди и кажи ѝ на твојата баба, ние ќе бидеме ПРЕТСТАВАТА НА ПОЛУВРЕМЕТО НА СУПЕРБОУЛ.“

Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, неодамна спомена дека Тејлор Свифт еден ден би можела да настапи на полувремето на Супербоул.

„Секогаш би сакале Тејлор да настапи. Таа е посебен талент и секогаш е добредојдена“, рече тој во „Today Show“.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Музика

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Read more

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Read more

Случајот повторно под лупа: Дали Курт Кобејн се самоуби или беше убиен?

Read more

Бед Бани го сруши рекордот за најгледан настап на полувреме на Супербоул

Read more
 

Сцена

Сенки над Берлинале: Го напаѓаат Вим Вендерс, итно се огласи раководството на фестивалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено е продолжение на филмот F1: Дали ќе се врати и Бред Пит?

Читај повеќе

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Читај повеќе

Случајот повторно под лупа: Дали Курт Кобејн се самоуби или беше убиен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бед Бани го сруши рекордот за најгледан настап на полувреме на Супербоул

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледаа првите Том и Џери?

Читај повеќе