Death to All ги собра балканските металци во Софија
Љубителите на дед метал музиката во регионот во петокот имаа можност во бугарскиот главен град Софија да го слушаат во живо мега популарниот американски трибјут бенд „Death to All“. Како загревање пред Американците настапи полскиот прогресив треш метал бенд „Species“ од Варшава.
„Death to All“ беше формиран како трибјут на оригиналниот бенд „Death“ од Флорида, кој се растури откако во 2001 година од тумор на мозокот почина основачот и фронтмен Чак Шулдинер.