Поранешниот Принц на поп-музиката сѐ уште воодушевува со своето музицирање и настап

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Емилија Вучиновска
/ 06.06.2025 / 12:05

Поранешниот Принц на поп-музиката сѐ уште воодушевува со своето музицирање и настап, демонстрирајќи како се чува талент и по 30 години од својата кариера. Триесет илјади луѓе, во понеделникот, на „I-Days Milano Coca-Cola“ го поздравија враќањето на еден од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Џастин Тимберлејк.

Милано беше втората европска дестинација на неговата светска турнеја „The Forget Tomorrow tour“, на која 44-годишниот пејач не потсети дека успеал љубоморно да го зачува својот талент демонстрирајќи како треба да изгледа една поп-ѕвезда.

Шоуто почна некаде по 21 часот, откако норвешкиот бенд „Dagny“ го заврши својот настап. Во зелено одело со пруги на Dolce&Gabanna, маичка од „Guns and Roses“, наочари за сонце и signature Џорданки, Џастин ги изведе своите најголеми хитови заедно со неверојатниот 17-член бенд „Tennessee kids“, составен од дувачка секција, тапан, гитари, бас, танчери и пратечки вокали. А тој, машина што свири сѐ и го прави тоа совршено- со самодоверба на поп ветеран и со неговиот, би рекла вроден став и талент на сестран забавувач.

Публиката во Милано е трансферзална и сосема носталгична. Дваесет и кусур годишници кои бараат тинејџерска преродба. Но, пред сѐ, тука се оние девојки и момци родени во 80-тите, израснати на леб, „N Sync“ и бој бендови, сега веќе возрасни, но сѐ уште способни да се возбудат како во времето на лепење на постери на Џастин во нивните соби. И токму овие генерации го наполнија хиподромот. Ова можеше да се забележи ѕиркајќи наоколу, во еден
од ретките моменти кога можевме да си дозволиме да го тргнеме погледот од сцената.


Сценската поставка ја следеше низата на меѓународни настапи од неговата турнеја: одлични визуелни ефекти, ЛЕД-екрани и централна писта (читај долга неколку метарска сцена) што му овозможи да комуницира со публиката од различни агли. Би рекла сосема типично за американски артисти, кои вложуваат многу во сценскиот перформанс, за разлика од европските артисти. Продукцијата во живо вклучуваше микс од анимации со сцени од
концертот во живо, па на моменти се чинеше дека гледаме високобуџетен документарен филм. Ова многу зборува за неговата големина како музичар. Знаете, само поп-ѕвезди од врвен калибар може да си дозволат ваков луксуз.


Шоуто го отвори интро и ноти кои можеа да ги препознаат само неговите вистински фанови. По едноминутна музичка драма целиот 17-член бенд плескајќи со раце во вис го повика неговото височество, Принцот на поп-музиката, по што следуваше првиот такт на најсентименталната песна излезена од неговата креативна работилница, „Mirrors“. Публиката
уште на почетокот веќе беше во екстаза. Громогласниот аплауз пејачот го возврати со длабок поклон и зборовите: „Миланоооооо. Подготвени сте да пеете?" Зборови кои на неколкупати одекнаа во вечерта.

Сет-листата зема прецизно калибриран замав, па продолжи со „Cry me a river“, „LoveStoned“ и „Like I love you“ (за време на која ја зема гитарата и направи медли со „She wants“ to move“ на „N.E.R.D“). Со ова Тимберлејк покажа дека одлично ја познава својата публика и не се плаши уште во првите 15 минути да ги одигра своите најсилни карти. На тој начин не врати во неговото златно доба од средината на 2000-тите. Аранжманите не беа толку верни на
оригиналните верзии на песните бидејќи беа збогатени со здивот и музицирањето на бендот во живо. Овој дел од репертоарот беше како да ни дели визит-карти, во случај некој од нас да заборавил дека до неодамна во рацете го држеше жезолот на Принцот на поп-музиката.


Вокално, тој е во најдобра форма и ја владее сцената со секој нов танц. Неговите најсилни адути: гласот, енергијата и ритамот на телото кое не престанува да го заведува секој еден посетител. Никој не остана рамнодушен на танцовите бравури, па сите шизевме од почеток до крај на репертоарот. На сет-листата беа вклучени и „No Angels“, „Play“ и „Selfish“, песни од неговиот последен албум „Everything I Thought It Was“. Иако немаат ист импакт како неговите историски хитови, сепак, тие ја потврдија кохерентноста на неговиот звучен пат.

По ова во низа следуваа „Seniorita“, „Holy Grail“, „Tko“, медли и мини-сет на неговиот диџеј Hypes составен од „Ayo Technology“, „Chop Me Up“, „Give It To Me“ и „4 Minutes“. Потоа се нанижаа „Rock Your Body“, „Can’t Stop The Feeling“, „What Goes Around…Comes Around“ во акустична верзија, Со ова се одбележа сезоната во која името на Тимберлејк беше синоним за глобални хитови и поп-музика произведена од непогрешливиот отпечаток на Тимбаленд.
Песни кои сѐуште функционираат и ја освојуваат публиката.

Тревникот на хиподромот на моменти се трансформираше во гигантски клуб, каде Џастин ги има сите под палката и покажува како титулата Маестро му одговара на вајбот. Кога посетителите ќе се замореа од танцување им сервираше емотивно дело и ги префрлаше на караоке режим. Со оваа сет-листа тој ги покажа своите две страни: онаа забавната и онаа
поинтимната.

Никој не може да му ја одземе титулата на вистински фронтмен, кој ги мотивира членовите на бендот, не само да свират беспрекорно, туку им сервира траса за себеизразување и покажување на нивниот неоспорен талент и музицирање.

Последниот триптих со „Let The Groove In,“ SexyBack“, „Until The End Of Time“, која ја отсвири на клавир, беше еден од најискрените и најемотивните моменти на перформансот, каде Џастин од срце се заблагодари на миланската публика и кажа дека му се остварил детскиот сон да настапи пред фановите во, за него, омилената Италија.

Со своите 44 години, Тимберлејк, кој на сцената е од 11-годишна возраст, покажа дека е беспрекорен професионалец, шоумен кој доминира со своето искуство и вештина. Изборот да се фокусира исклучиво на историскиот репертоар создава опиплив ефект на носталгија, но впечатокот сѐ уште останува на беспрекорен уметник, способен да донесе комплетна, елегантна и тотално привлечна претстава на сцената. А оваа во Милано не беше само обичен кам-бек, туку целосна поп-прослава, изведена со вештина и целокупно сценско искуство.

Накратко, Џастин е феномен во поп-индустријата, кој на младите негови колеги може да им држи мастерклас за талент изразен пред сѐ со својот вокал, па потоа и со својата харизма. Знаете, малкумина успеале да го направат тоа со елеганција и сензуалност како Тимберлејк. Тој покажа дека после многу подеми и падови знае да се издигне и сѐ да функционира како
никогаш да не излегол од златното доба на поп-музиката.

За Kајгана од Милано:
@missurbanvibe
 

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Музика

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Read more

Шакира падна танцувајќи на својот хит

Read more

Која е најчесто користената песна во филмови?

Read more

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе