Како Бирмингем се збогува со својот Ози Озборн?

Обожавателите на Ози Озборн се собраа во неговиот роден град Бирмингем вчера за да му оддадат последна почит на неодамна починатиот легендарен музичар и икона на хеви металот.

Фронтменот на „Блек Сабат“, кој одржа проштален концерт во англискиот град претходно овој месец, почина минатиот вторник на 76-годишна возраст. Обожавателите излегоа да му оддадат последна почит на Ози Озборн додека течеше погребната поворка низ неговиот роден Бирмингем.

Поворката со погребното возило и членовите на неговото семејство застана на мост и клупа посветени на легендарниот британски бенд, украсени со нивни портрети и потписи, каде што илјадници обожаватели се собраа за да положат цвеќе и да му оддадат почит. Поворката помина и покрај „Брод Стрит“, каде што се врежани ѕвезди со имињата на познати луѓе од градот, вклучувајќи го и познатиот музичар.

Еден обожавател со прекар Гас изјави за PA дека го открил хеви металот како тинејџер. „Тогаш сфатив, како и милиони други низ целиот свет, дека постои музика за нас, нешто што нè разбира.“

„Знаевме дека има некој што се чувствува исто“, продолжи Гас. „Ози му го даде тоа на светот. Тој беше член на семејството на толку многу луѓе низ целиот свет и допре до толку многу животи.“

Еви Мајо, од Вулверхемптон, рече дека ѕвездата на хеви метал била огромна инспирација за неа и другите жители на Бирмингем.

„Мислам дека беше многу влијателен, беше многу инспиративна личност“, рече таа. „Сега кога го нема, можете да го почувствувате неговото влијание“, заклучи таа.

Обожавателите оставија пораки за Озборн низ целиот град, вклучително и на муралот „Сабат“ на „Невигејшн стрит“.

Градоначалникот на Бирмингем, Зафар Икбал, рече дека „Ози не беше само музичка легенда“, туку и „син на Бирмингем“.

„Знаеме колку многу значи овој момент за неговите обожаватели. Горди сме што ги угостивме тука со неговото љубезно семејство, на местото каде што сè започна. Благодарни сме што тие великодушно понудија да платат за да го овозможат ова и да го поддржат градот во збогувањето што Ози го заслужува“, додаде тој.

Шерон Озборн беше видливо потресена за време на погребната поворка на нејзиниот сопруг, со кој беа заедно повеќе од 40 години.

Во придружба на нивните три деца - Кели, Ејми и Џек – таа одеше во погребната поворка за Ози низ Бирмингем.

Оставајќи цвеќе на едно од смомен местата во градот, таа ја поздрави насобраната толпа покажувајќи знак за мир со двете раце.

Тагови
реклама
[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

Read more
Облачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Read more
Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Read more
Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Read more

Музика

Ентони Хопкинс на 88 години ќе го објави првиот музички албум

Read more

9 август 1986: Последниот концерт во живо на Queen со Фреди Меркјури

Read more

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Read more

Што им требаше да го викаат Џастин Бибер да пее на финалето?

Read more

Сцена

Меконахи откри како една романтична комедија го спасила од претрес на граница

Читај повеќе

Ентони Хопкинс на 88 години ќе го објави првиот музички албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Восло: Кога дојдов да го глумам Имхотеп, се испаничија - бев мумија со стомак

Читај повеќе

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Читај повеќе

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

9 август 1986: Последниот концерт во живо на Queen со Фреди Меркјури

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Читај повеќе
  • filter

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Читај повеќе