Кој е свршеникот на Тејлор Свифт? Се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ

Тревис Келси е вереникот на Тејлор Свифт, една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, а тој се смета за еден од најдобрите американски професионални фудбалери во историјата на НФЛ.

Тејлор Свифт и Тревис Келси се во врска две години, а веста за нивната свршувачка ја споделија вчера на своите Instagram профили.

Во објава споделена на Instagram, тие изјавија: „Вашата наставничка по англиски јазик и вашиот наставник по физичко ќе се венчаат“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Келси е роден во 1989 година во Вестлејк, Охајо, а својата кариера ја започна во 2013 година кога беше избран во третата рунда на НФЛ драфтот од страна на Канзас Сити Чифс. Оттогаш стана клучен играч за тимот и се етаблираше како еден од најдоминантните спортисти на својата позиција.

Тревис се смета за еден од најдобрите тајт ендови на сите времиња. Во текот на сезоната 2022 стана петтиот тајт енд во историјата на НФЛ што достигнал 10.000 примени јарди во кариерата.

Келси играл фудбал на Универзитетот „Синсинати“ пред да стане професионалец. Познат е и по својата вклученост во индустријата за забава. Го водеше реалното шоу „Catching Kelce“ и се појави во многу популарни емисии, вклучувајќи го и „Saturday Night Live“. Исто така го започна популарниот поткаст „New Heights“ со својот брат Џејсон.

Интересно, неговото презиме всушност се изговара Келс. Но, Татко му одамна се откажал од таа верзија оти му дошло преку глава да ги поправа сите што упорно го викале Келси, па го прифатил како такво и така му го пренел на Тревис. Неговите роднини и натаму го користат Келс.

Тревис моментално се подготвува за својата 13-та сезона во НФЛ, а извори блиски до него велат дека би можел да се пензионира по 2026 година.

Заедно со својот брат Џејсон Келси, беше дел од поткастот „New Heights“, а неговата свршеница Тејлор Свифт им се придружи за една од епизодите.

Тејлор е видена и како присуствува на натпреварите на Келси и го поддржува, додека Келси го следеше нејзиниот распоред на концерти, па дури и се појави на сцената за време на еден од нејзините настапи.

Врската на Свифт и Келси започна во летото 2023 година, откако Тревис се обиде да ѝ даде нараквица за пријателство со неговиот број на неа за време на една од нејзините „Eras“ турнеи. Набргу потоа започнаа врска, а тоа го потврдија и во јавност неколку месеци подоцна.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Музика

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Read more

Канје Вест со голем концерт во Тирана, за него ќе се изгради посебен стадион

Read more

Светски музичари повикуваат на бојкот на Евровизија: Нема музика за геноцид

Read more

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе