Пол МекКартни откри како Битлси го добиле името

Музичката легенда Сер Пол МекКартни во интервју за BBC Radio 2 откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање.

Oбјасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „The Crickets“, чие име целосно погрешно го протолкувале, мислејќи дека има двојно значење – и за инсектот (штурец) и за истоимениот спорт.

Инспирирани од оваа „игра на зборови“, Ленон и МекКартни го смислиле името „The Beatles“ како комбинација од зборовите „beetles“ (бубачки) и „beat“ (ритам). По неколку години, МекКартни се запознал со членовите на „The Crickets“ и им открил дека тие биле инспирацијата, но на негово изненадување, тие му признале дека името на нивниот бенд никогаш не било замислено како игра на зборови. Иронично, едно од имињата за кои самите „The Crickets“ своевремено размислувале било токму „The Beetles“.

Во интервјуто, МекКартни се присети и на своите почетоци, нагласувајќи дека песната „Be-Bop-A-Lula“ на Џин Винсент целосно му го променила погледот на музиката во време кога рок-ен-ролот дури пробивал на сцената. Се осврна и на односот со Џон Ленон, истакнувајќи дека по распадот на бендот во 70-тите се оддалечиле, но повторно се зближиле пред убиството на Ленон, што денес му носи голема утеха.

Говорејќи за култната песна „Imagine“, МекКартни ја опиша како магична и прекрасна визија за светот.

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Музика

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Read more

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Read more

Пол МекКартни откри како Битлси го добиле името

Read more

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Read more

Сцена

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Читај повеќе
  • filter

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Читај повеќе
  • play_arrow

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Читај повеќе

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Читај повеќе

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Читај повеќе

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Битката за старателство меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се ближи кон крајот

Читај повеќе
  • play_arrow

Третата сезона од Euphoria: Шок ефект или гласот на една генерација?

Читај повеќе