Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Дрејк објави не еден, туку три нови албуми. На 43 песни од албумите Iceman, Maid of Honour и Habibti, објавени денес, 15 мај, канадскиот рапер прозва бројни познати личности, од музичари и актери до спортисти.

Главна цел - Кендрик Ламар

Не изненадува што главната цел на текстовите на Дрејк повторно беше Кендрик Ламар, со кого е во конфликт со години. На албумот Iceman, Дрејк го обвинува Ламар за лажна скромност и активизам. 

„Белите деца те слушаат затоа што се чувствуваат виновни и така си ја храниш душата“, рапува Дрејк, додавајќи: „делиш мисирки пред камери во маало, па се враќаш во вилата на рид“.

Во песната „Make Them Pay“, тој се осврна и на бројките на Ламар на Spotify. „Проклетство, кој е тој тип? Магионичар, претпоставувам / Сто милиони стримови исчезнаа, никој не прашува.“

Remote video URL
Рик Рос и Диџеј Калид исто така на мета

Во истата песна, Дрејк го прозва и раперот Рик Рос („Човече, му помагав на Рос со стримовите уште пред Адин Рос да почне да стрима“), како и Диџеј Калид, на кого му се лути поради неговото молчење за ситуацијата во Палестина.

„А Калид, знаеш за што зборувам / Борбата беше во полн ек, ти се посвети на халал и се посвети на религијата / И твојот народ сè уште чека слободна Палестина / Но, очигледно не е сè црно-бело и црвено-зелено.“

Навреди кон A$AP Rocky и Ријана

Се чини дека љубовната двојка A$AP Rocky и Ријана, со кои Дрејк имаше турбулентен однос, исто така беа цел. Во песната „Burning Bridges“ од албумот Iceman, 39-годишниот рапер ја критикува Ријана за нејзината музичка неактивност: „Мајката на твоето дете не објавила ни еден сингл, каде е таа?“

Подоцна во песната, тој додава, обраќајќи се кон A$AP Rocky: „Го виде брат ми, се обиде да ги смириш страстите / Сега издаваш албум и повторно ме навредуваш.“ Дрејк е уште подиректен во стихот: „K-Y-S, A-S-A-P, можеш да го направиш тоа за мене.“ Обожавателите ја забележаа и репликата „ги делиме жените што веќе ги е*ев кога бев на врвот“, за која веруваат дека е исто така упатена кон Роки.

Remote video URL
Леброн Џејмс не беше поштеден

Прозивките на Дрејк не се ограничени само на музичката индустрија. Во песната „Make Them Remember“, тој, исто така, навидум ја прозива кошаркарската легенда Леброн Џејмс, веројатно затоа што присуствувал на концертот на Кендрик во 2024 година на врвот на нивната кавга.

„Не треба да ме изненадува ако те видам во таа теретана / Затоа што секогаш ја градеше кариерата менувајќи тимови“, рапува Дрејк. Подоцна, тој додава: „Те молам, престани да прашуваш што е работата меѓу мене и 23/ Јас сум вистински кретен, а тој не е, тоа е во мојата ДНК.“ Бројот 23 е бројот на дресот на Леброн, додека „ДНК“ е насловот на познатата песна на Кендрик.

Пофалби за Стеф Кари

Сепак, не сите нови песни беа негативни. Во „2 Hard 4 The Radio“, Дрејк му оддава почит на играчот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, осврнувајќи се на неговиот колеџ тим и бројот на дресот. 

„Порано прашуваа каде е Дејвидсон / Сега сите носат сина 30-ка на грб.“

реклама

Музика

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Read more

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Read more

Пол МекКартни откри како Битлси го добиле името

Read more

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Read more

Сцена

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Читај повеќе
  • filter

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Читај повеќе
  • play_arrow

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Читај повеќе

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Читај повеќе

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Читај повеќе

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Битката за старателство меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се ближи кон крајот

Читај повеќе
  • play_arrow

Третата сезона од Euphoria: Шок ефект или гласот на една генерација?

Читај повеќе