СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Од партијата преку соопштение велат дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија отсекогаш се залагал за рационално и одговорно трошење на парите на граѓаните. Уште во 2018 година, кога СДСМ беше власт, на иницијатива на нашата пратеничка група беа поднесени и донесени законски измени со кои патните трошоци се намалија за најмалку една третина. Нашиот пристап кон ова прашање отсекогаш бил принципиелен и одговорен, а не популистички. Суштината на работата на секој пратеник е да им служи на граѓаните, и на секој можен начин да води грижа што повеќе пари да бидат насочени кон потребите на граѓаните кои живеат сѐ потешко“, се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија смета дека се потребни дополнителни законски измени кои ќе предвидат: воведување механизам за поголеми казни за можни злоупотреби на патните трошоци, како и воведување на ограничување со кое пратеници кои имаат станови во Скопје нема да имаат основа за наплата на патни трошоци.

Предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците денеска не ја доби поддршката од владејачкото мнозинство, и не беше ставен на дневен ред на седницата. За да биде ставен на дневен ред предлогот за измени на Законот за пратениците, „за“ гласаа само 22 пратеника од Левица и СДСМ и коалицијата. Предлогот се однесуваше на тоа патните трошоци да се пресметуваат 6,5 литри на секои изминати 100 километри.

реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе