СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи, е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам, тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.  

– Но, исто така, даваме и поддршка на консензуално носење Изборен законик, затоа што не сакаме да бидеме први што ќе прекршат правило и по пат на надгласување да се наметне врз опозиција или врз која било партија и да се надгласа за Изборниот законик. Традиција во нашата земја е дека секогаш се прават напори заради рамноправно учество на сите во изборен процес, Изборниот законик да се носи по пат на консензус, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посета на реконструирана градинка во Карпош.

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање.

– Испраќам порака да се седне и да се разговара. Навистина со ова добива демократијата. Да го прифатиме тоа што помалите политички партии доминатно го бараат. Ние го прифативме и заради нив, но го прифативме и заради демократското унапредување на изборниот процес. Ред е да седнат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат со свој став и ако направат подобри проценки, калкулации, верувам дека можат да изградат и позитивен став. Секако, тоа останува на нив. И ДУИ се крши, не знаат дали да прифатат, дали не, но дефинитивно верувам дека на крајот сите имае должност за демократијата да направиме еден исчекор повеќе и сега тоа го носиме за изборите 2024, рече премиерот Заев.

Моменталната поделба на 6 изборни единици

Дотогаш, нагласи тој, има време сите да се подготват и соодветно да се постават. 

Заев истакна оти би сакал претстојните локални избори наесен да се спроведат со отворени листи, затоа што, како што рече, граѓаните покрај тоа што ќе гласаат за своја определба на политичката понуда, ќе гласаат и за личност.

– Со тоа директно се создава обврска советниците да им должат на граѓаните, да бидат отчетни кон нив и тоа исто така е унапредување на процесот на демократијата. Но, тоа се само ставови на СДСМ, рече Заев.

Пратеници од Левица, Деморатскиот сојуз, ЛДП и ВМРО-НП, поддржани од СДСМ, до Собранието денеска поднесоа Предлог-закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе