СДСМ: Мицкоски призна дека учествувал во насилството од 27 април

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток.

Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски.

Очигледно е дека Христијан Мицкоски ја има истата деструктивна матрица на неговиот претходник Груевски, не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и конструктивен политички субјект, стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Ова соопштение беше реакција на претходното соопштение од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се огласи преку Facebook:

„Гледам дека ја интересира власта каде сум бил на 27 април 2017 година. Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овој пат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак еве ќе повторам и директно одговорам. Јас на 27-ти април бев со народот, со луѓето кои протестираа осумдесетина дена претходно и кои со право беа загрижени за иднината на нашата Македонија. И доколку денес не ви беа црвените кругови кои ги заокружувате, доколку не ви беа полициските акции со кои се фалите, ќе немаше ‘колективна забава’ во која само вие верувате, и веројатно уште посоголена, уште повидлива ќе беше неспособноста во која се давите.

Јас ќе порачам две работи, за да нема недоумица и да се знае: прво, вие не можете толку да украдете и да срушите колку што ние можеме да изградиме и реализираме, таа битка ви е однапред загубена. ВМРО-ДПМНЕ на секоја ваша неправда, на секој ваш удар, станува посилен, постабилен, поголем. Второ, следниот пат кога ќе има собир на народ, незадоволници од оваа влада, за да не се трудите да одбегнувате тужби, па морате да поставувате прашања, за да не заокружувате и објаснувате на чија страна ќе бидам, уште сега да знаете, за да остане запишано, јас ќе бидам повторно на страната на народот, а вашиот пад нема да го сокрие срамот кој ќе го носите уште долго по вашето заминување од власта. Затоа што власта не е се во животот, потребен е образ, достоинство и човечка доблест во кои јас искрено верувам.“

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе