Избори 2016

СДСМ преброја по 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ

12. декември 2016 - 9:47 | Макфакс

По 51 пратеник пресмета аналитичкиот центар на опозициската СДСМ, по пребројани 99 отсто од избирачките гласови, рано утрово во 4.30 часот.

„Мнозинството граѓани на вчерашните парламентарни избори гласаше за промени. Таквата волја на граѓаните стана евидентна и покрај бројните примери на притисоци, заплашување и купување гласови“, соопштија од СДСМ.

Согласно резултатите од аналитичкиот центар на партијата, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51, додека ВМРО-ДПМНЕ освои, исто така, 51 мандат.

„Шпекулациите со изборните резултати кои ги прави Собранието на РМ на својата веб страна е спротивно на закон. Собранието нема никава улога во изборниот процес“, додаваат од СДСМ.

Коментирај