СДСМ: Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците, а македонскиот фудбал на колена

Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците. Имено, министерот за спорт, Борко Ристовски, од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, којшто требаше да се распредели како „спортски ваучери“. Владата на СДСМ тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата, рече Панче Милевски-Панта од Комисијата за спорт на СДСМ.

„СДСМ го смени системот на исплата од 'спортски ваучер' во субвенции, но и тоа не го спречи министерот корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.

Затоа јавно го прашуваме министерот:

– По кој систем реномирани фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?

– По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќедецениска историја?

– Зошто од останатите региони сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98% од клубовите сте им дале по 0 денари?

– Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?

Што им ветивте на фудбалските клубови од прва и втора лига во ноември?

Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во декември, и ги излажавте.

На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во ноември.

Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.

Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на власт.

Па да види македонската спортска јавност кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.

Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кои има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.

За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика „Партиското тефтерче на Мицко“.

Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО-ДПМНЕ, тој добива пари.

Затоа, министре, треба да си дадете оставка.

СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК. За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно ги повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во Министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.

Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе нѐ биде. СДСМ е на страната на спортот“, изјави Панче Милевски-Панта од Комисијата за спорт при СДСМ.

Remote video URL
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Македонија

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Read more

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Read more

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Read more
 

Вести

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Читај повеќе

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Читај повеќе

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе

Левица: Државниот грб им пречи само на неоврховистите и необалистите

Читај повеќе

Таравари: Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20%

Читај повеќе

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Читај повеќе

Казни за 809 возачи, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на годинава

Читај повеќе