Се бара олеснување на мерките за заштита од COVID-19 за печалбарите

Скопје, 17 јуни 202 (МИА) – Министерството за економија ќе побара од Комисијата за заразни болести да ги олесни протоколите за доаѓање на печалбарите во земјава во текот на летово, но Владата ќе ги усвои предлозите на Комисијата бидејќи тие се најповикана институција во услови на пандемија и нивните препораки се барзирани на научна осонова, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Како Министерство за економија и јас како министер дадовме предлози и наши идеи за начинот какви треба да бидат протоколите и што се предвидува во тие протоколи во различни области зашто доаѓањето на печалбарите во земјата во текот на летото е многу важно и за економијата на земјата, но, ќе ги почитуваме препораките што ќе ги даде Комисијата. Со сигурност ќе разговараме отворено и транспарентност за здравствената сигурност на печалбарите коишто ќе дојдат во земјава да биде обезбедена од страна на властите, но истовремено ќе дадеме и можност за нормално функционирање на домашната економија, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата дали печалбарите ќе мора да бидат во 14-дневен карантин по доаѓањето во земјава.

Тој нагласи дека печалбарите во текот на минатите лета во земјава трошеле над еден милион евра.

-Негативниот импакт којшто може да го има недоаѓањето на печалбарите во Северна Македонија со сигурност ќе биде многу голем, но ние правиме максимални обиди, почнувајќи од здравствениот аспект којшто токму ова лето ќе ни даде можност колку што  е можно полесно тие да дојдат во нивните родни места. Јас сум убеден дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките што се усвоени од Владата – држење дистанца, но истовремено и сите други препораки што до средина на јули ќе ги олесниме без да ги надминеме процедурите како што се самоизолација, карантин итн, рече Бектеши.

Ние не знаеме, нагласи, колку може да има негативно влијание недоаѓањето на печалбарите на намалување на економската активност, но секако ќе има големо влијание особено за малите, микро и средни компании  коишто директно се зависни од доаѓањето на печалбарите во летната сезона.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе