Се ближиме до 7.000 заразени, скопски Чаир е жариштето

Бројот на заразени со COVID-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3.611.

Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.

И натаму скопската општина Чаир е со најголем број активни случаи – 409, следат Гази Баба со 189, Карпош – 163, Бутел – 162, Аеродром – 150, Сарај – 149 и Центар – 143.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починаа шест лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63-годишен) и еден пациент од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип е починат пациент од Берово на 69 години и во Куманово пациент на 78-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611.

Во Скопје има најмногу активни случаи – 1.987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

„Системот на ротација добро оди. Ротираат интернисти, пулмолози и анестезиолози, како и медицински сестри кои имаат искуство, пред сè во лекување во одделите на интензивна нега. Ние во исто време правиме планови и за наесен. Тогаш очекуваме дека притисокот кон здравствениот систем ќе биде уште поголем. Тогаш ќе се соочиме со еден нов бран и на сезонски грип и на пациенти заболени од ковид вирусот. Очигледно вирусот нема да замине, правиме планови и предвидуваме институции и за есенските месеци, го планираме дури и системот на ротација на лекарите за тие месеци“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе