Се чека на писмото од Грција до ЕУ и НАТО

Скопје, 22 јуни 2018 (МИА) - Се уште нема информација дали Грција го испратила писмото до ЕУ и до НАТО со кое ги известува дека се отстранети препреките за намошната интеграција на земјава во Европската унија, откако во средата македонското Министерство за надворешни работи испрати нота го грчкото министерство дека Договорот за спорот со името е ратификуван во Собранието на Република Македонија. 

Фото: МИА

Согласно договорот, Грција по ратификувањето во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО. Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни, додека самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули.

Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство беше усвоен во средата без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со него се очекува да се реши 27-годишниот спор за името со Грција.

Според договорот, официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име). Со договорот се признава - Македонски јазик, дел од група јужнословенски јазици. За државјанство е предвидено: Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија - во сите патни документи. Конечниот збор за договорот ќе го имаат македонските граѓани на референдум најавен за наесен. 

Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас во неделата во Псарадес, на грчката страна на Преспанското езеро.

Во меѓувреме во Брисел продолжуваат расправите помеѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција. Иако засега во нацрт-заклучоците останува стартот на преговори со Македонија, битката не е извојувана, информираа вчера дипломатски извори во Брисел за МИА.

Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите. Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни. Став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името.

Меѓу најгласните во одбрана на старт на преговори е Бугарија, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, и која исто така оценува дека преговори со Македонија во јуни ќе донесе и „престиж“ за нејзиното претседателство. Друга земја која турка за старт на преговори со Македонија е Австрија, која го презема кормилото на ЕУ од 1 јули.

Австрискиот амбасадор при ЕУ, Николас Маршик, денеска изјави дека тие би биле многу среќни преговорите со Скопје и Тирана да почнат за време на нивното претседателство кое почнува на 1 јули.

Останува сега да се види што ќе се случи во вторник во Луксембург, кога треба да се состанат министрите за надворешни работи на ЕУ и да дискутираат на оваа тема. Била спомената варијанта и преговори да се одредат во ноември годинава, велат изворите на МИА, што исто така не му е по вкус на бугарското претседателство, велат извори во Брисел.

Голем број земји-членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската Комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.

Во меѓувреме договорот меѓу Скопје и Атина го пзодрави и британската премиерка Тереза Меј. Договорот, според неа ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ, и ќе донесе енормни придобивки и за двете земји.

Поранешниот евроамбасадор во Скопје Ерван Фуере, пак, во интервју за МИА порача дека по постигнатиот договор со Грција, сега е важно меѓународната заедница да ги препознае тие напори, а ЕУ да даде зелено светло и да отвори преговори за членство со Македонија. Добивањето зелено светло од Брисел следната недела за почеток на преговорите за членство, вели Фуере, ќе ги зајакне шансите на Владата да добие мнозинство на референдумот за договорот планиран да се одржи наесен.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе