Се чека одлука од Судот за притвор на четворицата осомничени од УБК

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Четирите лица кои како вработени во УБК од 2007 до 2017 година го оштетиле државниот буџет и за кои попладнево Јавното обвинителство соопшти дека е побаран притвор, во моментов се наоѓаат пред судија на претходна постапка, потврдија за МИА од ЈОРМ.

Се чека одлуката на Судот дали лицата ќе бидат притоврени, за што јавноста, како што нагласија од ЈОРМ, дополнително ќе биде известена.

Некои медиуми попладнево објавија дека Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е еден од четирите лица за кои Обвинителството поведе истрага, пред малку е уапсен по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска издаде Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица осомничени дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле државниот буџет за 50.670.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 – Скопје, достави предлог за мерка – притвор за осомничените.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе