Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Џулијан Рахлин, еден од водечките светски виолинисти на денешницата заедно со Македонската филхармонија вечерва од 21 часот на Античкиот театар свечено ќе го отвори 64. издание на фестивалот Охридско лето.

Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку. Повеќе од три децении, неговата кариера го носи на сите светски меридијани како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител. Снимките кои критиката ги оценува како исклучителни ги издаваат на носачи на звук престижните издавачки куќи Дојче Грамофон, Сони Класикал и Ворнер Класикс. Џулијан Рахлин е баран диригент низ целиот свет.

Македонската филхармонија која вечерва ќе настапи заедно со Рахлин, годинава одбележува осумдесет години од постоењето под мотото – 80 години ЉУБОВ! Ова е првиот и единствен симфониски оркестар во Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена.

Уметничката програма на фестивалот Охридско лето годинава на охридските сцени ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга. Сцените Антички театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и предворјето на црквата се подготвени за бројната публика.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери ќе донесе совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста со настап на околу 800 уметници.

Како предвесник на свеченото отворање на фестивалот Охридско лето, вчеравечер во црквата „Света Софија“ во соработка со Музичката Младина на Македонија се одржа Подиумот на млади уметници на кој младите и надежни уметници, виолинистката Памела Велкова и пијанистите Ивана Мазнејкова, Ана Мазнејкова и Доминика Робе изведоа дела од Бах, Бетовен, Шопен, Давиташвили, Прокофјев и Изаи.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Култура

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Read more

Концерт за чествување на Св. Кирил и Методиј во црквата Св. Софија во Охрид

Read more

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Read more

Вечерва почнува 15. Филозофски филмски фестивал: Што ќе гледаме?

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе