Се финализираат деталите за вакцините, Филипче тврди дека наскоро ќе стигнат

Скопје, 1 март 2021 (МИА) – Засега не се знае кога точно во земјава ќе пристигнат вакцините против COVID-19 со кои треба да стартува масовната имунизација на населението. Процесот на вакцинација почна, но само на директно изложените здравствени работници во ковид центрите со пратката од 8.000 вакцини на Pfizer што беа добиени преку Србија. Надлежените уверуваат дека разговорите со производителите продолжуваат и оти пратките со вакцини ќе пристигнат во најскоро време.

Северна Македонија треба да добие 200 000 илјади вакцини од кинескиот производител Sinopharm. Покрај очекуваните количини преку системот Ковакс, во тек се разговори за набавка и на 100 илјади дози од руската Sputnik V, како и вакцини од Pfizer.

Министерството за здравство вчера соопшти дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од Sinopharm, но оти договорот не е откажан. Уплатата била повлечена на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата.

Министерот Венко Филипче тврди дека авансот за кинеските вакцини е повлечен поради наша сигурност. Потенцира дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.

-Тоа го направивме за наша сигурност, секако. Никако не значи дека нема да стигнат вакцините, но со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа многу често ни укажуваат. Се врати дел од средствата, но навистина преговорите сега овие денови па дури и за време на викендот ми се чини дека се во последната фаза и мислам дека целокупниот тој процес ќе се заврши и вакцините за многу скоро ќе пристигнат во нашата земја, изјави Филипче.

Во однос на вакцините од Ковакс механизмот, оттаму за март се најавени 20 до 30.000 вакцини од AstraZeneca. Интензивно се разговара и со производителот на руската вакцина Sputnik V, за што неделава треба да се добијат конкретни податоци, а се чекаат и информации од преставништвото на Pfizer кога ќе пристигне драфт договорот од нивната канцеларија во Њујорк.

Филипче вели дека компаниите имаат свои барања од приемот, одговорностите во делот на вакцините и дека тоа е процес што важи за секоја земја во светот. Според него, нашиот здравствен систем е подготвен за вакцинирање на населението и засега вакцинацијата одлично се спроведува.

Околу 2.400 медицински работници се веќе вакцинирани и таа бројка оваа недела се очекува да достигне 4.000, односно да бидат вакцинирани сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека се потврдиле нивните сознанија за кинеските вакцини и дека е вратен авансот.

– Филипче вели разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против COVID-19 од производителот Sinopharm во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја. Но, кој е најкусиот можен рок никој не знае, не знае ни самиот Филипче, забележуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во последниве недели се бележи раст на бројот на заболени со COVID-19 и на факторот на преносливост, засега нема планови за нови рестириктивни мерки. Зголем број хоспитализирани има во Кавадарци, Прилеп и Охрид, додека во другите градови ситуацијата, според епидемиолозите, е мирна и стабилна.

Кај нас сѐ уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на коронавирусот, а околу седумдесетина проценти од новозаразните, се од британскиот сој.

Имајќи предвид дека британскиот сој многу побрзо се шири, Филипче смета дека веројатно убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки.

Од почетокот на епидемијата, во Северна Македонија се евидентирани вкупно 102.787 КОВИД-дијагностицирани лица. Оздравени се 91.233, а битката со COVID-19 ја загубија 3.137 лица. Бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Во претходното деноноќие се регистрирани нови 305 ковид позитивни од направени 2.533 тестирања што е 12,04 отсто.

Во болниците низ државата се хоспитализирани 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 256, а во ковид-центрите во другите градови 411 пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 522.518 тестирања на COVID-19.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе