Се краделе мобилни од рака, накит, пари и компјутери

Во последните 24 часа пријавени се повеќе кражби во Скопје и  низ Македонија, при што украден е мобилен телефон од раката на жена која во моментот разговарала на него, потоа провалено е во куќи од каде се украдени пари и златен накит, а од основно училиште во Радовиш украдени се лаптоп компјутери, соопшти МВР.

Имено, во петокот околу 19 часот во Скопје на ул.„Солунска“ Р.Б.(41) додека се движела непознат сторител од зад грб и се доближил и и го грабнал телефонот од рака со кој таа во моментот разговарала по што го напуштил местото на настанот.

Истиот ден, во Скопје на ул.„Сливовска“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно го отворил прозорот од кујната по што се качил и влегол во станот сопственост на В.Р. (62) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 40 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Во петокот пак, во Скопје на ул.„Милан Марковиќ“ непознат сторител откако влегол во станот каде како потстанар живеел Ј.М.(46) и извршил тешка кражба при што одзел 1.500 евра, 1.500 српски динари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 92.000 денари.

Во полициската станица во Радовиш, М.Ј.(46) наставник во ОУ„Гоце Делчев“, подружница село Ракитец, пријавила дека во четвртокот од страна на непознат сторител извршена е кражба на тој начин што откако влегол во училиштето одзел три лап топ компјутери, а потоа го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе