Се намалува бројот на новозаразени со Covid-19 во Кина

Кина денеска пријави 2.641 случаи на новозаразени со корона вирусот. Бројката е значително помала од претходните денови, откако се применува поинаков дијагностички метод.

Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека од новиот Covid-19 починале 143 лица со што вкупниот број на жртви во Кина се искачи на 1.523. Вкупно инфицирани од новиот корона вирус се 66.492 лица.

Втор ден по ред бројот на инфицирани лица со новиот Covid-19 бележи пад.

Од декември досега болеста се прошири во повеќе од 20 земји, а Египет вчера пријави прв регистриран случај во Африка.

Во 24 држави регистрирани се речиси 450 заболени лица од новиот корона вирус, од кои тројца починаа.

– Моменталната борба против новата епидемија со корона вирусот е голем тест за кинескиот систем и капацитети за управување, изјави вчера претседателот на Кина, Си Џинпинг.

Во Кина се воведени драстични мерки за запирање на епидемијата. Градови во провинцијата Хубеи, со повеќе од 60 милиони жители, ставени се во карантин.
Во меѓувреме, на сите граѓани кои се враќаат во Пекинг од празниците им е наложено да бидат во карантин – или во сопствениот дом или да се подложат на 14-дневно колективно набљудување.

– Оние коишто ќе одбијат да останат во своите домови или не сакаат централизирана опсервација и други превентивни мерки и контрола ќе бидат санкционирани, се наведува во соопштението на работната група за превенција од вируси во Пекинг.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе