Се намалува бројот на заразени и починати од COVID-19

Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) – Лекот „ивермектин“ станува достапен за македонските граѓани и веќе го има во аптеките иако не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Исто така, стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со COVID-19, а протоколот преку Лекарската комора веќе е испратен до матичните лекари.

Лекарската комора најави дека ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите,  како и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари има намалување на бројот на смртни случаи за 20,4 отсто, процентот на позитивни од тестирани е намален на 19 отсто, а за 14,8 отсто е зголемен бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела.

Во изминатото деноноќие од направени 2.543 тестирања регистрирани се 477 нови случаи на COVID-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент.

Од новозаразените 221 се од  Скопје, 27 од Куманово, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 725 пациенти со COVID-19, во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 23 пациенти со што вкупно се лекуваaт 315 лица. Во ковид-центрите ширум земјава има околу 600 празни болнички кревети.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.

реклама

Пет секс предизвици што треба да ги пробате во 2021

Read more

Објавена првата фотографија од британскиот сој на коронавирусот

Read more

Америка е пред граѓанска војна, предупредува милијардерот Далио

Read more

Намирници кои ќе ви помогнат да заспиете полесно

Read more

Македонија

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа

Read more

Насер Зибери избран за народен правобранител

Read more

Северна Македонија не доби рок за вакцините од Европската Комисија

Read more

Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Read more
 

Вести

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа

Читај повеќе

Русија ќе му испрати на Мексико 24 милиони дози од вакцината Спутник V

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Луксузната палата не е моја, им го перат мозокот на Русите

Читај повеќе

Илинден-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“

Читај повеќе

ЕК: Одговорите на AstraZeneca не се задоволителни

Читај повеќе

Насер Зибери избран за народен правобранител

Читај повеќе

Северна Македонија не доби рок за вакцините од Европската Комисија

Читај повеќе

Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Читај повеќе

Две деца повредени во сообраќајка во Кавадарци

Читај повеќе