Се намалува цената на стандардниот приклучок за струја

Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Цената на стандардниот приклучок за електрична енергија од 1 септември годинава ќе се намали од 500 на 400 евра, а со новите мрежни правила за дистрибуција што наскоро ќе ги одобри Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе се зголеми опфатот на стандардни приклучоци, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Тоа значи дека и во оние општини каде од разни причини советите не донеле соодветна планска документација, што беше предуслов за да се стекне некој со правото за „стандарден приклучок“, ќе може да се стекнат со таков статус новите корисници кои ќе се приклучуваат на мрежата доколку се утврди дека има изградено повеќе куќи и има повеќе потенцијални баратели. Со тоа нема повеќе да влегуваат во категоријата „нестандардни приклучоци“ и да добиваат трошок за приклучување од три, четири, пет, па и шест илјади евра во зависност од побараната едновремена моќност, оддалеченоста од мрежата и од реалните трошоци на операторот на дистрибутивниот систем, туку ќе плаќаат 400 евра за приклучок на мрежата, појасни Бислимоски.

Претседателот на РКЕ прецизира дека најголем број на вакви потенцијални корисници има во тетовскиот, гостиварскиот и реканскиот крај и додаде дека тие или веќе ги легализирале своите бесправно изградени објекти или го почнале процесот на легализација.

-Има општини што немаат донесено соодветна планска документација и детални урбанистички планови, а од увидот што го вршиме на терен, кога добиваме жалби, гледаме дека веќе се изградени куќи. Сметаме дека таму нема проблем операторот на дистрибутивниот систем да си ја планира својата мрежа, бидејќи ги гледа новите потрошувачи. Нема потреба да бидат оштетени овие категории на граѓани и да плаќаат високи трошоци за нестандардни приклучоци, туку треба да влезат во категоријата стандарден приклучок, појасни Бислимоски.

Токму денеска РКЕ на подготвителна седница ги разгледува мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, а во изминатиот период одржа јавна расправа и повеќе состаноци со заинтересираните страни кои имаа забелешки на овие мрежни правила, како и со операторот на дистрибутивниот систем.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе