Се намалува пикот на четвртиот ковид-бран

Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) – Бројот на активни случаи на COVID-19 во земјава изнесува 7.595.  Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на COVID-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети.

Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, а на починати 8.898.

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.

Грција од 19 февруари годинава постепено ги олабавува мерките, од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година. Дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е и организирање училишни екскурзии.

Според министерската одлука објавена во Службен весник, маската и понатаму е задолжителна и во затворените простори и на отворено, исклучок се децата до четиригодишна возраст, а нема промени и во однос на документот за КОВИД, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР тест, задолжителен речиси секаде во Грција.

Сертификатите за вакцинација, иако за влез во Грција се валидни девет месеци по примената втора доза, во внатрешноста на земјата важат седум месеци и без никакви ограничувања за оние кои имаат и засилувачка доза.

Слично е и со потврдата за прележан КОВИД, за влез валиден е 180 дена, но онаму каде што е задолжителен во земјата, не смее да биде над 90 дена по првиот позитивен тест.

Од 1 март Израел ќе дозволи влез за сите странски туристи, без разлика дали се вакцинирани против коронавирусот. За влез во Израел сепак ќе бидат потребни два негативни ПЦР теста, едниот направен пред влез во земјата, а другиот по влезот во Израел. Во моментов, само вакцинирани странски државјани смеат да влезат во Израел.

Израел првпат ги затвори своите граници за странци во март 2020 година.

Бакингемската палата, пак, соопшти дека кралицата Елизабета е позитивна на COVID-19.  Таа има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела. Ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе