КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019/20

Се одиграа првите осминафинални натпревари од фудбалскиот куп

Немаше победник на дербито помеѓу Вардар и Шкендија, бранителот Академија Пандев без проблеми, Брегалница единствен второлигаш кој успеа да слави победа над прволигаш.

Возбудлив натпревар одиграа Вардар и Шкендија во кој гостите испуштија водство од 2:0, а на крајот Вардар можеше и да победи. Прво Имери уште во 8-мата минута со прекрасен удар од свртување го отвори резултатот, а на три минути пред паузата Ибраими со вистинска бомба го матираше домашниот тим. Во меѓувреме тетовци останаа и со играч помалку откако Мици заработи исклучување.

Вардарци нападнаа во вториот дел, но гол постигнаа дури во 72-рата минута преку резервистот Колевски. Надежта за пресврт ја врати Бразилецот Жунињу кој со глава израмни на 2:2. Сепак, до крајот немаше други голови па патникот во четвртфиналето ќе се решава на реваншот во Тетово.

Пелистер може да жали пшто не го совлада Ранотнички. Битолчани имаа водство на полувреме преку Главевски, но Шаркоски со прекрасен лоб удар израмни во вториот дел. Потоа во 79-тата минута Пелистер имаше пенал откако Ацковски играше со рака, но капитенот Благоја Љамчевски само ја погоди пречката.

Бранителот Академија Пандев очекувано славеше над Осогово, а Лабуништа ја доби второлигашката пресметка со соседот Охрид и тоа со предност од два гола.

Ренова во неверојатна завршница славеше во Кавадарци против Тиквеш. Мрежите мируваа сѐ до 88-мата минута кога Зука го отвори резултатот, а само две минути подоцна Селмани ги урна надежите на кавадарчани за продолжување на куп авантурата.

Брегалница е единствениот второлигаш кој победи прволигаш. Штипските „сини“ благодарение на Горгиев патуваат на реваншот во Ѓорче со предност од 1:0.

Немаше голови на натпреварите Шкупи - Силекс и Борец - Струга.

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Лабуништа - Охрид 2:0
11' (аг) Мартин Лекоски, 50' Климе Далчески
Судија: Боби Величков (Велес)

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Шкендија 2:2
72' Бојан Колевски, 80' Жунињу - 8' Омар Имери, 42' Бесарт Ибраими
Црвен картон: 90'+1 Дарко Мицевски (В), 34' Гледи Мици (Ш)
Судија: Дејан Јакимовски (Скопје)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Силекс 0:0
Судија: Јосип Бартон (Скопје)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Струга 0:0
Судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев - Осогово 3:0
23', 49' Ѓорги Стоилов, 47' Марко Рајковиќ
Судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер - Работнички 1:1
39' Благојче Главевски - 68' Николче Шаркоски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Македонија ЃП 1:0
41' Пепи Горгиев
Црвен картон: 67' Благоја Спиркоски (М)
Судија: Васко Мавров (Струмица)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - Ренова 0:2
88' Ремзифаик Селмани, 90' Фисник Зука
Црвен картон: 87' Валон Незири - на клупа (Р)
Судија: Албрим Шаќири (Струга)

Реваншите се закажани за 30 октомври.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе