Се однесувате како Северна Кореја – Австралијците бесни на Facebook

Facebok одлучи да блокира објавување и споделување на медиумски содржини за корисниците во Австралија, што предизвика бурни реакции.

„Потегот на Facebook да ја избрише Австралија ‘од листата на пријатели’ и да ги блокира клучните здравствени и информативни служби за итни случаи е арогантен и разочарувачки. Таквиот потег само ја потврдува нашата загриженост дека големите технолошки компании се однесуваат како да се поголеми од владите и дека правилата не се однесуваат на нив“, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

„Се однесуваат како Северна Кореја, а не како американска компанија. Ја повикувам американската влада да ни помогне да го решиме овој случај“, додаде премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгован.

Реагираа и американски конгресмени, кои исто така не се согласуваат со потегот на компанијата на Марк Закерберг.

„Ако досега не беше јасно, Facebook не е компатибилен со демократијата. Заканата дека целата земја ‘ќе ја фрлат на колена’ ако не бидат прифатени нивните услови, е крајно признавање дека постои монопол“, рече американскиот конгресмен Дејвид Сисилин.

„Блокирање вести среде пандемија, кога точните информации се клучни за брз одговор на јавното здравство, навистина ви кажува сè што треба да знаете за тоа како Закерберг се грижи за австралиското општество“, додаде Крис Купер, извршен директор на Reset Australia.

URL

Од Human Right Watch беа уште поостри.

„Ова е алармантен и опасен тек на настаните. Блокирањето пристап до клучните информации за целата земја во сред ноќ е бескрупулозно“, рекоа тие.

За потсетување, компанијата Facebook денеска соопшти дека ги блокирала сите медиумски содржини во Австралија поради новиот предлог-закон што не прецизира што е новинарска содржина, што значи дека Австралијците не можат да читаат вести за вести на оваа апликација, без оглед дали се од домашни веб-страници или од странски.

Исто така, блокирани беа неколку владини профили, како и на службите за итни случаи.

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе