Мароканската инфлуенсерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Кенза Лајли, победи на првиот ВИ натпревар за убавина.

World AI Creator Awards (WAICA) е првата глобална програма од ваков вид посветена на препознавање на достигнувањата на инфлуенсерите создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) ширум светот.
Победник е мароканската ВИ инфлуенсерка Кенза Лајли, која по победата изјави во интервју за New York: „Иако не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“.
Лајфстајл инфлуенсерката ја доби главната награда на изборот од 1.500 пријавени, а 20.000 долари ќе одат на сметката на човекот што ја создал.
„Мојата амбиција отсекогаш била гордо да ја прикажам мароканската култура додека постојано им нудат дополнителна вредност на моите следбеници на повеќе фронтови“, рече Лајли, која може да се пофали со преку 194.000 следбеници на социјалните мрежи.
Судиите на натпреварот за Daily Mail изјавија дека се импресионирани од напредната технологија што ја создаде ѕвездата со вештачка интелигенција, како и од нејзината веродостојна личност.
Прифаќајќи ја наградата, креаторот на Кенза рече: „Победата на Мис вештачка интелигенција уште повеќе ме мотивира да продолжам со мојата работа за унапредување на ВИ технологијата“.
Fanvue World AI Creator Awards беа лансирани со цел да се создаде првиот избор за убавина за „ВИ инфлуенсер индустријата“. Учесниците беа оценувани според нивниот реален изглед и технолошка моќ, како и нивната моќ на социјалните мрежи.