Се отцепи дел од Гана, Западен Того бара прием во ОН

Сепаратистите од регионот Волта прогласија независност од Гана, на повидок е создавање на нова држава на африканскиот континент.

Во Западен Того живеат 4 милиони жители и тоа од различни националности и религии. Изминативе години тие се обединети откако кренаа раце од надежта дека ганските власти ќе инвестираат во развој на Волта, како што се вика регионот во склоп на Гана. Освен Волта, уште четири други региони се приклучени во новата држава.

Најголем град е Хо, со скоро 100.000 жители, и се очекува истиот да стане главен град.

Претходно имаше еден неуспешен обид за прогласување независност во мај, кога ганските полициски сили уапсија осумина лидери на сепаратистичкото движење.

Џорџ Њакпо, кој фигурира како министер за инфоирмации во самопрогласената влада, за локално радио изјави: „Ќе ги известиме Обединетите нации за нашата независност и ќе побараме признавање за што ќе ни биде потребна нивна поддршка“.

„Со години сме сведоци на тоа дека ние како регион Волта бевме постојано заборавани од владата и нејзиниот буџет. Може ли родител да си ги заборави сопствените деца? Очигледно ние не сме нивни деца, затоа и не забораваа“, додаде Њакпо.

Територијата на Западен Того порано била дел од германскиот протекторат Тоголенд од 1884 до 1914 кога британски и француски сили извршиле инвазија. Со Договорот од Версај, протекторатот бил поделен на британски и француски дел, а потоа во 1957 британскиот бил приклучен кон соседна Гана која тогаш станала независна држава. Францускиот дел три години подоцна станал независен Того.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе