Свет

Се планира укинување на евро монетите од еден и два цента

28. јануари 2020 - 12:41 | МИА

Европска комисија планира укинување на евро монетите од еден и два цента, објави германскиот весник Süddeutsche Zeitung.

Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети.

Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи.

Според извештајот со укинувањето на еден и два цента би се заштедило на трошоците на производство, но и на нивното броење и транспорт.

Коментирај