Сѐ поблиску сме до супермасивна црна дупка: Што значи тоа?

Земјата е две илјади светлосни години поблиску до супермасивна црна дупка и се движиме кон неа многу побрзо отколку што се сметаше претходно, утврдија јапонски астрономи правејќи нова мапа на Млечниот Пат.

Како 2020 да не беше доволно неизвесна и тешка година како никогаш досега, астрономите дознаа дека Земјата е всушност 2.000 светлосни години поблизу до супермасивната црна дупка Стрелец А* (Sagittarius A*) во центарот на нашата галаксија Млечен Пат, отколку што се сметаше досега.

Покрај тоа, нашиот Сончев Систем забрзува низ вселената со брзина од седум километри во секунда побрзо отколку што претходно пресметаа научниците, пренесува Russia Today.

Новите откритија се направени благодарение на новата и подобрена мапа на Млечниот Пат, која беше објавена оваа недела, а се базира на набљудувања собрани во јапонски проект за астрономија, кој траеше 15 години, како и други новооткриени податоци.

Иако сознанието дека сме 2.000 светлосни години поблиску до супермасивната црна дупка може да звучи како да се ближи крајот на светот, научниците нагласуваат дека нема причина за паника.

Астрономите не само што не предвидуваат пропаст, туку и ќе можат да ја утврдат позицијата на Земјата во галаксијата со поголем степен на прецизност благодарение на оваа нова мапа на Млечниот Пат.

Оваа нова мапа на Млечниот Пат е резултат на набудувања направени од телескопи низ Јапонија како дел од радиоастронмскиот проект VERA. Овој проект ja користи техникаta iнтерферометрија која комбинира податоци од повеќе телескопи низ Јапонија, создавајќи исклучително остра резолуција од 10 μas - со други зборови, може да забележи монета на површината на Месечината. Јапонската национална астрономска опсерваторија откри дека нејзините астрономи, заедно со другите колеги, создадоа „мапа на позиции и брзини“ со која тие го пресметаа центарот на галаксијата.

Астрономите изјавија дека галактичкиот центар е оддалечен 25.800 светлосни години од Земјата - околу 2.000 светлосни години поблиску од досега официјалното растојание наведено од Меѓународната астрономска унија од 27.700 светлосни години, установено во 1985 година.

Создавањето на новата мапа им овозможи на астрономите да откријат како Земјата орбитира околу центарот на Млечниот Пат со брзина од 227 километри во секунда, наместо 220 колку што беше официјално усвоената брзина. Истражувачите од проектот VERA сега се обидуваат да направат подетални мапи на областа во близина на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат, користејќи податоци од телескопи од Јапонија, Јужна Кореја и Кина.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе