Сѐ поизвесни се нови парламентарни избори во Бугарија

Нови парламентарни избори се сè поизвесни во Бугарија, а според локалните медиуми се разгледуваат три опции за датумот на предвременото гласање за нови парламентарци откако партијата БСП, според најавите, ќе го врати мандатот за состав на влада кој ќе го добие утре.

Бугарскиотпретседтаел Румен Радев утре свикува консултации за новата ЦИК, која ќе биде предложена од парламентот, но именувана со неговиот декрет.

Според последните измени и дополнувања на Изборниот законик, таа ќе се состои од 15 лица предложени од парламентарни партии.

ГЕРБ ќе има четири претставници, „Има таков народ“ – тројца и БСП – тројца, ДПС – двајца, „Демократска Бугарија“ – исто така двајца, „Исправи се! Мафијата надвор” – еден.

ЦИК се назначува со декрет на претседателот Радев.

Се очекува дека в петок, 7 мај, Румен Радев ќе издаде указ за распуштање на Националното собрание и одредување датум за избори. Ако тоа се случи, истиот ден, со втор декрет, Радев мора да ја назначи привремената влада.

За премиер бугарските медиуми споменуваат две имиња – претседателските советници ген. Стефан Јанев, кој беше вицепремиер и министер за одбрана во првиот кабинет на Радев и Бојко Рашков, правен советник на претседателот.

Најмногу коментирани датуми за предвремено гласање се 4 или 11 јули. Но, многумина веруваат дека Радев ќе брза да ги задржи парламентарните избори подалеку од претседателските. И тој може да избере уште порано датум – 27 јуни, јавија бугарски медиуми.

„Очекувам БСП в среда да предложи кандидат кој ќе го врати мандатот што им е даден“, изјави за Нова ТВ, Наталија Киселова, професор по Уставно право.

Доколку претседателот го распушти парламентот оваа недела, на 5 или 7 мај, уставот наведува дека нови избори ќе се одржат најдоцна два месеци по завршувањето на неговиот мандат. Така, датумот 4 јули за предвремено гласање станува целосно можен.

Според Киселова, постапките на шефот на државата ќе бидат диктирани од постапките за назначување на новата Централна изборна комисија, односно – ќе има парламент додека не се назначи новата ЦИК, па да преминеме на датумот 11 јули.

По вторпат во неговиот петгодишен мандат, претседателот Радев ќе назначи влада, макар и службено. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе