Се појавија првите фотографии од новиот суперавтомобил McLaren Speedtail

McLaren го изгради името произведувајќи атрактивни и скапи суперавтомобили, а пред официјалната премиера на новиот модел, Speedtail, реши да објави неколку фотографии од него.

Фотографиите го откриваат внатрешниот и надворешниот изглед на автомобилот, а на прв поглед изгледа дека овој модел нема никого да го остави рамнодушен.

Надворешниот изглед на автомобилот можеби ќе предизвика различни коментари, но мора да се признае дека McLaren успеа да го направи моделот Speedtail многу атрактивно возило кое со сигурност ќе ви го привлече вниманието кога поминува покрај вас. Оригиналниот, флуиден дизајн во голема мера е подреден на барањата на аеродинамиката.

Додека предниот дел од автомобилот има слични карактеристики како некои од моделите од новата генерација на McLaren, изгледот на кабината и продолжениот заден дел го прават овој модел специфичен.

Дизајнот на ентериерот со три седишта и централно позиционирано седиште за возачот е инспириран од легендарниот модел McLaren F1 од 1990-тите. Во кокпитот очекувано доминира командната табла со дури 5 екрани, од кои двата странични се задолжени за приказ на сликите од камерите кои ги менуваат ретровизорите.

Новиот модел на McLaren припаѓа на серијата возила Ultimate на британскиот производител, каде што се наоѓаат и тркачки ориентираните модели Senna и P1. Техничките детали засега не се најавени, но најавено е дека автомобилот ќе има хибриден погонски систем составен од twin-turbo V8 мотор, помогнат од електромотор.

Од McLaren беше најавено дека Speedtail ќе биде најбрзиот продукциски автомобил на компанијата, а се очекува дека максималната брзина ќе биде скоро 400 км/ч. Ова е сосем логично ако се земат предвид досегашните најави дека овој модел ќе има повеќе од 1.000 коњски сили.

Во план е ограничена серија од 106 примероци, а наводно сите произведени автомобили се однапред резервирани по цена од 1,75 милиони фунти. Производството на McLaren Speedtail ќе започне во 2019 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе