Сè повеќе Германци се дрогираат со кокаин: Им се доставува како пица

Кокаинот некогаш беше статусен симбол за богатите.

Денес го консумираат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици по здравјето на граѓаните, пишува Deutsche Welle.

„Речиси и не постои социјална група која не користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависности (ZIS) во Хамбург.

Во изминатите десет години, според ZIS, повеќе од двојно е зголемен бројот на возрасни кои консумираат кокаин во Германија. Алармантно зголемување на бројот на корисници на кокаин бележи и здравственото осигурување Barmer. Бројот на луѓе кои примаат третман за злоупотреба на кокаин е тројно зголемен во изминатите десет години, тврдат од Barmer.

„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“

А колку масовно е зголемена потрошувачката на кокаин, покажува и анализата на канализацијата во германските градови. Откриени се зголемени концентрации на остатоци од кокаин. Полициските и царинските власти секоја година бележат зголемени количини на запленета дрога. Во 2017 година во Германија беа запленети осум тони кокаин, во 2023 година веќе 43 тони – и сето тоа во реалноста е само мал дел од она што всушност завршува на пазарот.

Зголемената достапност на нелегални дроги предизвикува пад на нивните цени. Покрај тоа, денес е многу лесно да се дојде до кокаин.

Кокаинот може да се нарача лесно и дискретно преку апликации за допишување како Telegram.

„Тоа е како сервис за испорака. Наместо пица, доставувачот носи кокаин“, вели Хајке Зурхолд од ZIS.

Зошто луѓето користат кокаин?

Постојат различни мотиви за користење кокаин. Студијата на ZIS покажа дека многу луѓе земаат кокаин за да останат будни и продуктивни на работа или за да се ослободат од одредени ментални блокади.

„Кокаинот навистина има краткорочен ефект кој ја зголемува продуктивноста, луѓето чувствуваат дека имаат повеќе енергија“, објаснува Инго Шефер, психијатар од Универзитетската клиника Хамбург-Епендорф.

Кокаинот делува така што го активира допаминскиот систем во мозокот, што резултира со тоа количеството на „хормонот на среќата“ во мозокот не се намалува, туку всушност се зголемува. Ова создава одреден еуфоричен ефект. Но, по (во просек) само 30 минути, овој ефект слабее, а потоа на потрошувачите им се заканува емотивен „пад“, или потреба од нова доза.

Од повремено користење до зависност

Хаген Декер од прва рака доживеал колку брзо повременото користење кокаин може да се претвори во зависност. Првата „линија“ ја повлекол на 25 години, во берлински техно клуб.

„И набргу после тоа, не користев кокаин само за забава, туку го користев за работа. И потоа ми беше потребен за сè“, се сеќава тој. Беше зависник од кокаин цели 15 години.

И тоа не е изолиран случај. Секој четврти корисник на кокаин развива психолошка зависност, тврдат експерти од ZIS. Телото се навикнува на дрогата и многу корисници со текот на времето ја зголемуваат дозата за да го постигнат истиот ефект.

„Еден ден не можев ни да поминам со правосмукалка без прво да земам кокаин“, се сеќава Хаген Декер.

Тешки здравствени последици

Ризиците по здравјето од кокаинот се сериозни.

„Кокаинот е дрога што не треба ни да ја допирате“, предупредува психијатарот Шефер.

Кокаинот акутно ги стеснува крвните садови и може да предизвика срцев удар или мозочен удар дури и кај младите луѓе.

Но, пред сè, кокаинот остава среднорочни и долгорочни психолошки последици кај луѓето кои го користат. Фазата на еуфорија е проследена со лошо расположение, анксиозност, замор, раздразливост и чувство на вина. Колку е поинтензивно користењето, толку побурни се последиците. Кокаинот може да резултира со хроничен страв и напади на паника, нарушувања на спиењето, параноја или нарцисоидно однесување.

Долгорочно закрепнување од зависноста

Излегувањето од маѓепсаниот круг на зависност од кокаин е долго и комплицирано. Во тоа успеал Хаген Декер, со помош на неговата тогашна партнерка која го придружувал во советувалиштето за зависност од дрога. Потоа следела детоксикација во болница или тримесечен третман за рехабилитација: „Таму научив да разберам зошто воопшто станав зависник и како можам да апстинирам“, вели тој.

Хејген е чист две и пол години. Тој и уште еден поранешен зависник го водат поткастот „Зависност и зависник“ („Sucht und süchtig“), во кој двајцата зборуваат за своите искуства. Но, зависноста остана: "Уште сум зависник. Не користам, но зависник сум и тоа го чувствувам секој ден, некогаш повеќе, а некогаш помалку. Да не користиш дрога како зависник е доживотна работа".

Зголемувањето на стапката на користење кокаин во Германија ги загрижува експертите. Дрогата е лесно достапна, пристапна по цена, и на почетокот изгледа безопасна за многумина - но сепак користењето кокаин многу често завршува со катастрофална зависност.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе