Сѐ повеќе и сѐ постари автомобили на улиците низ земјава

Автомобилот е омилено превозно средство за над една третина од жителите во земјава. На патиштата низ државата има над 477 илјади автомобили со просечна старост од 19,3 години. Околу 57% од нив возат на дизел, а само 0,03% се електрични. И додека улиците и тротоарите навидум се преполни од возила, сепак сме под просекот од Европа, каде еден автомобил е на двајца жители, додека кај нас еден на четворица.

И додека бројот на автомобили во земјава е во постојан раст,  една третина од домаќинствата во земјава во 2020 година не поседувале автоомобил, каде според Статистичкиот годишник објавен од Државниот завод за статистика, само 64% од домаќинствата рекле дека поседуваат патнички автомобил.

Во Европа во 2020 година во просек имало 500 возила на 1.000 жители, што е двојно повеќе во споредба со нас, покажуваат податоците од Евростат.

Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава има 260 патнички автомобили на илјада жители во 2021 година или околу 4 луѓе на 1 автомобил. По статистички региони најмногу има во Скопскиот - 100 возила на 1.000 жители, а најмалку Вардарскиот регион - само 17 возила на 1.000 жители. Втор по број на возила е Пелагонискиот регион со 32 автомобила на 1.000 жители.

Во Европа најмногу автомобили по глава на жител имаат Лихтенштајн (779), Луксембург (682) и Италија (670), а најмалку Романија (379), Латвија (390) и Унгарија (403). Во земјите од регионот Бугарија има 414 возила на 1.000 жители, Хрватска (433), Грција (514) и Словенија (555).

На ниво на ЕУ постои голема разлика во моторизацијата од регион до регион, па така три од петте највисоки стапки на моторизација (број на патнички автомобили на 1.000 жители) се регистрирани во Италија: Вале д'Аоста (1.787), автономната провинција Тренто (1.285) и автономната провинција Болцано (871). Останатите две се во Флеволанд (857) во Холандија и во финскиот регион Оландски Острови (840). Од друга страна, најниски стапки на моторизација се пријавени во два француски (прекуморски департмани) и три грчки региони: Мајот (72), Пелопонез (186), Француска Гвајана (209), Централна Грција (238) и Северно Егејски регион (261).

Во земјава најмногу дизел возила – над 270 илјади, а само 128 се електрични

На патиштата низ земјава минатата година имало 477.820 регистрирани возила, според податоците од Министерството за внатрешни работи. Најголемиот дел од нив 271.394 или 57% се дизел, а 194.393 или 40% се бензинци. На плин се 11.720 или 2,5%, додека на електричен погон има само 128, на метан 41 возило, а 3 како погонско гориво користат алкохол.

Интересно е дека пред само неколку години на патиштата низ државата доминирале бензински автомобили. Во 2015 година од 383 илјади возила над 54% биле на бензин, а дизел 42%. Учеството на бензинските автомобили на патиштата е во постојан пад, па така во 2016 нивниот удел е 51%, во 2017 49%, за во 2018 да падне на 46% и за првпат на патиштата над половината од патничките возила да користат дизел како погонско гориво. Уделот на бензинските мотори продолжува да се намалува и во 2019 е 44%, во 2020 година 42%, за во 2021 да падне на 40%.

Електричните возила на нашите патишта имаат удел од само 0,03% и иако скромен, имаат постојан раст. Во 2019 година биле само 51 или 0,01%, за во 2020 да се зголемат на 69 и 0,02% и во 2021 да има 128 регистрирани електрични возила.

Најголемиот дел од електричните возила се во Скопје и тоа 40 се регистрирани во Општина Карпош, 29 во Центар, 11 во Гази Баба, по 5 во Бутел и Чаир, 4 во Ѓорче Петров и по 3 во Аеродром и Кисела Вода.

Уделот на возила на плин на патиштата низ земјава е речиси постојан, но сепак во последните години има трен на намалување. Од 2,84% во 2015, на 2,69% во 2019, 2,67% во 2020, на 2,45% во 2021 година. На метан во 2021 година имало само 41 регистрирано возило, од кои половината (20) се во Куманово.

Од  11.720 возила на плин, најголемиот дел или 16,5% се регистрирани во Прилеп, околу 15% во Скопје, 12% во Велес и 10% во Охрид.

Расте бројот на автомобили, но и просечната старост

Во 2020 година на патиштата во земјава имало вкупно 429 илјади патнички автомобили, што е раст од 3 илјади во однос на 2019, кога имало 426 илјади возила и раст од 35 илјади во споредба со 2015 година кога имало 384 илјади автомобили, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

И додека расте бројот на возила, се зголемување и просечната старост од 18 години во 2015, на 19,4 во 2020 година.

Над 88% од автомобилите во 2020 година биле постари од 10 години. Нивниот број е зголемен за 9% во споредба со 2015 година кога 79% од автомобилите на патиштата биле постари од 10 години.

Од 429 илјади автомобили на патиштата во 2020 година само 8 илјади или 1,9% биле не постари од 2 години, а 14 илјади или 3,3% не постари од 5 години.

Во последните 5 години трендот на возила не постари од 5 години е константен и се движи околу 5%, додека бројот на возила до 10 години е повеќе од преполовен од околу 16% во 2015 години на 6,4% во 2020 година.

Дизелот со над 70% удел доминира во продажбата на гориво во земјава

Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2021 година доминираат дизел горивата со 70,27%, мазутот е со 9,61%, безоловните бензини се со учество од 9,51% и течниот нафтен гас со 6,57%. Потоа следуваат екстра лесното масло (ЕЛ-1) со 3,58%, биогоривото со 0,16% и млазното гориво со 0,07%.

Притоа, кај продажбата на сите нафтени деривати во 2021 година има забележителен раст во споредба со претходната 2020 година, со исклучок на екстра лесното масло (ЕЛ-1) и течниот нафтен гас (ТНГ). Најголем пораст во 2021 година во однос на 2020 година има кај потрошувачката на биодизел од 69,25%, кај мазутот порастот на потрошувачката изнесува 17,98%, кај бензините порастот изнесува 13,28%, кај дизелот порастот изнесува 12,59%, додека пад во потрошувачката во 2021 година во однос на 2020 година се бележи кај екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 16,59% и кај течниот нафтен гас (ТНГ), за 0,81%.

Колку за споредба во потрошувачката на нафтените деривати во 2015 година доминираат дизел горивата, но со 63,64% удел, додека безоловните бензини имаат учество од 12,7%, а течниот нафтен гас со 8,03%. Оттогаш уделот на дизелот полека се зголемува, а на безоловните бензини и ТНГ се намалува.

Во потрошувачката на нафтените деривати во 2017 година дизел горивата учествуваат со 66%, безоловните бензини со 12%, а течниот нафтен гас со 8%. Во 2019 година уделот на дизелот се зголемува до 68,50%, додека на безоловните бензини се намалува на 11,02%, а на течниот нафтен гас на 7,80%.

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја

Над 35% од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил, покажуваат податоци од Пописот 2021.

Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40%, а кај жените автомобилот е на второ место – околу 19% го користат како најчесто превозно средство до работа или училиште.

Во Скопје над 42% најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4% најчесто како возач и 4,1% најчесто како совозач).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе