Фудбалскиот клуб Џеноа е ставен на продажба, објави извршниот директор Андрес Бласкес.
Членот на Серија А е во сопственост на американски инвеститори (групата 777 Partners од Мајами), тие го купија клубот пред три години и го вратија во елитните редови по испаѓањето во Серија Би.
Бласкес не можеше да им вети на навивачите дека нема да има продажба на играчи, но тврди дека клубот ќе остане финансиски стабилен и покрај промената на сопственичката структура.
Џеноа е основана во 1893 година и е најстариот клуб во Италија кој сè уште постои. Во текот на нивната долга историја 9 пати биле шампиони, а последен пат пред точно 100 години.
Сезонава под палката на Алберто Џилардино се борат за опстанок во Серија А и моментално се во зоната за испаѓање.