Креацијата што првата дама на САД ја носела на нејзината свадба со Доналд Трамп се појави на веб-страница за продажба. Сегашната сопственичка морала да додаде прерамки и да го прошири корсетот, а цената е речиси 5 пати помала од оригиналната.

Меланија Трамп, првата дама на САД и сопруга на Доналд Трамп, важи за една од дамите со најдобар стил во светот. Убавата Словенка го плени светот со својот стајлинг на инаугурацијата, а сега во центарот на вниманието е „фустанот“ што го носеше пред 20 години - нејзината венчаница.
Happy anniversary @POTUS & @FLOTUS! ❤️❤️❤️ pic.twitter.com/8HJRxmprPF
— FLOTUS Report (@MELANIAJTRUMP) January 22, 2020
И денес се зборува за спектакуларната венчавка на Флорида, на 22 јануари 2005 година, кога Доналд и Меланија Трамп застанаа пред олтарот, како и за креацијата на Галијано, тешка 25 килограми и обложена со кристали.
Венчаницата во која таа го кажа судбоносното „да“ чинеше 187.000 долари.
Melania's wedding dress is on eBay for $45K, from a secondary source. The dress was worn on what Melania calls, "The happiest day of my life because I stopped having sex with my husband" pic.twitter.com/75iu4ELTF5
— Paul Rudnick (@PaulRudnickNY) March 25, 2025
Луксузната креација потпишана од Џон Галијано и куќата Диор бараше 90 метри свила, 1.500 ситни дијаманти, кристали и бисери Сваровски, како и 550 часа посветена работа. Ѝ се допадна и на Ана Винтур, па заврши на насловната страница на магазинот Vogue во февруари 2005 година, заедно со новата сопруга на Трамп.
Melania Trump’s wedding dress appears to be for sale on eBay for $45K https://t.co/ZTshUU4g92 pic.twitter.com/l28d5tv33b
— Page Six (@PageSix) March 25, 2025
За прв пат се појави на реклами во 2010 година, а госпоѓата која го купи фустанот за 70.000 долари објасни дека наишла на него благодарение на заедничка пријателка. Платила многу помалку отколку што Меланија Трамп издвои за ова ремек дело на Галијано.
Сега венчаницата повторно се појави на eBay, по уште пониска цена - 45.000 долари. Во меѓувреме, претрпе мали промени, што веројатно влијаеше на нејзината вредност. Продавачот во информацијата истакна дека на долниот дел од фустанот има нов слој од сатен, како и уште неколку извезени детали во близина на горниот дел.
Горниот дел е проширен затоа што госпоѓата која го носела по Меланија има „појаки“ гради, а од истата причина и биле додадени и прерамки. Сепак, големината може да се прилагоди и да се врати на старата, според описот на огласот.