Авто новости

Се продаваат автомобили од „Fast & Furious“ на онлајн аукција

14. јануари 2019 - 13:36 | А.С.

Автомобилите што се користеа за турнејата Fast & Furious Live Arena Show се ставени на аукција поради финансиски проблеми на организацијата.

Автомобилите веќе беа на турнеја низ Европа во 2018 година и годинава требаше да имаат светска турнеја. Меѓутоа, тоа нема да се случи и сите импресивни возила и целата опрема што се користи за шоуто ќе бидат ставени на онлајн аукција.

Во колекцијата се вбројуваат многу автомобили што биле користени за снимањето на популарните филмови, а меѓу нив е и возилото во облик на болид со Chevrolet мотор од филмот „Fast & Furious 6“, како и Nissan 350Z од филмот „The Fast and the Furious: Tokyo Drift“.

Во понудата е и копија на Lamborghini со Jaguar V6 мотор, како и Dodge Charger копија од „The Fate of the Furious“.

Голем дел од автомобилите користени во шоуто се произведени или купени во Велика Британија. Копиите на автомобилите од филмовите се направени неколку месеци по почетокот на шоуто во јануари минатата година. Меѓу нив се три Honda Civic со Ford мотор, Nisan GT-R BenSopra, Toyota Supra, Mazda RX-7, Honda S2000 и Nissan Skyline GT-R.

Треба да се напомене дека ниту еден од автомобилите моментално нема законска дозвола да се движи во сообраќај, по улици или по патишта.

Целата галерија погледнете ја ТУКА.

Коментирај