Се распадна мистериозен руски сателит и создаде облак од вселенски отпад

Мистериозен руски сателит се распадна на почетокот на јануари, по што се создаде „облак“ од вселенски отпад кој може да орбитира околу Земјата стотици години.

Станува збор за сателитот Космос 2499, кој според американските вселенски сили се распаднал на 3 јануари. Овој настан го затвори случајот за мистериозните операции на споменатиот сателит, а дополнително се зголеми и количеството отпад што орбитира околу нашата планета.

Американските вселенски сили соопштија дека распадот на Космос 2499 произвел најмалку 85 парчиња што може да се следат. Овие парчиња орбитираат на височина од 1.169 километри, што значи дека би можело да потрае повеќе од еден век пред да завршат во атмосферата.

Распадот на сателитот, како и неговата мисија, остануваат мистерија. Сателитот беше лансиран со руската ракета Рокот во мај 2014 година, иако не беше внесен во манифестот за лансирање. Американските сателитски трагачи првично го каталогизираа сателитот како парче ѓубре, но потоа забележаа дека објектот маневрира. За неколку месеци беше прекласифициран и именуван како Космос 2499.

Американската војска продолжи да го следи сателитот и откри дека тој маневрирал на околу 530 метри од горната етапа на Рокот неколку недели по лансирањето. Ова доведе до шпекулации дека Космос 2499 можеби тестира технологија што му овозможува на вселенското летало да фати и деорбитира други сателити.

Набљудувањата од земјата подоцна покажаа дека сателитот е широк помалку од 30 сантиметри и дека направил неколку маневри во текот на следните години. Без оглед на неговата вистинска намена, мистериозниот сателит го надополни проблемот со растечкиот вселенски отпад.

Меѓународната вселенска станица веќе мораше да направи неколку маневри за да избегне руски вселенски отпад од тестот за сателитско оружје спроведен во 2021 година. Американската приватна компанија SpaceX исто така беше критикувана поради бројот на интернет сателити Starlink што ги лансира во орбитата. Астрономите се пожалија дека сателитите им пречат на нивните активности.

Европската вселенска агенција тврди дека има околу 35.600 парчиња вселенски отпад со големина од околу 10 сантиметри кои орбитираат околу Земјата. Овие парчиња се движат со брзина на куршум, а во најлошото сценарио, тие би можеле да предизвикаат каскаден ефект познат како Кеслеров синдром, во кој отпадот би удрил во поголем дел од „вселенска машинерија“, создавајќи уште повеќе остатоци. Ова би создало неодржливо количество вселенски отпад што може негативно да влијае на истражувањето на вселената, како и на астрономијата.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Вести

Google отвори својот четбот со вештачка интелигенција

Read more

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more
 

Гик

Google отвори својот четбот со вештачка интелигенција

Читај повеќе

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе