Се расплеткува случајот, фатен макрото на девојчето од „25 Мај“

Полицијата го откри макрото на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“. Станува збор за кавадарчанка која што го терала девојчето да се проституира, а било принудувано и да питачи.

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето 42-годишната М.Д. од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – „трговија со дете“.

Според сознанијата на полицијата, кавадарчанката во текот на декември минатата година и јануари годинава го принудувала 13-годишното девојче, штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,„25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

„Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи. М.Д. е задржана во ПС Кисела Вода  и во текот на денот ќе биде однесена за распит пред судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1“, информираат од полицијата.

Пред неколку дена Министерството за труд и социјална политика поднесе 11 кривични пријави за случајот во Заводот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје. Пријавите се покренуваат против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија во периодот од 2012 до 2017 година, за случајот со 13-годишното девојче кое абортирало откако било силувано и злоупотребувано.

Полицијата од Велес претходно до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18-годишниот велешанец Е.Х. за сторено кривично дело полов напад врз дете. По пријава од страна на Општата болница во Велес на 13 ноември минатата година за донесена малолетничка во бесвест, полицијата презела активности, при што бил идентификуван сторителот, кој го признал делото и потврдил дека имал полов однос со малолетничката, инаку штитеничка на Домот за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми. Тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на домот „25 Мај“, кое тврдело дека е силувано, девет пати било пријавувано за исчезнато од страна на вработените во домот.

По случајот со силуваното девојче, директорот на домот „25 Мај“ поднесе оставка.  За случајот првпат алармираше Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) кој информираше дека тринаесетгодишна ромска девојка морало да абортира бидејќи забременила по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на „25 Мај“ во Скопје.  Тие ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на девојчето да му обезбедат соодветна медицинска грижа за да се осигурат нејзиното психолошко и физичко здравје и безбедноста, како и да се врати во нејзиното ромско семејство од кое била принудно одземена во 2012 година поради сиромаштија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе