Израел синоќа изврши копнена инвазија на Либан. Покренатата операција го доби името „Северна стрела“. Ова е првпат од 2006 година Израел да интервенира од земја. Претходно беше извршен еден од најсилните воздушни напади врз Бејрут, во кој беше елиминиран лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Израел синоќа изврши копнена инвазија на Либан. Израелската армија доцна синоќа во копнена офанзива влезе во Јужен Либан. Неколку арапски медиуми објавија дека израелски тенкови нападнале села во Јужен Либан.
Најмалку две израелски ракети ги погодија јужните предградија на Бејрут. Израелската армија предупреди еден час претходно дека ќе погоди одредени згради во густо населените јужни предградија, велејќи дека вооружената група Хезболах ги користи како објекти и им порача на жителите да си заминат.
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше со својот израелски колега, министерот за одбрана Јоав Галант, „за да ги разгледа безбедносните случувања и израелските операции“.
„Секретарот јасно стави до знаење дека Соединетите Американски Држави се добро позиционирани да го одбранат американскиот персонал, партнерите и сојузниците од заканите од Иран и терористичките организации поддржани од Иран и решени да спречат кој било актер да ги искористи тензиите или да го прошири конфликтот. Секретарот и министерот Галант зборуваа за сериозни последици за Иран во случај Иран да одлучи да изврши директен воен напад врз Израел“, се вели во соопштението.
Израел во текот на ноќта го нападна главниот град на Сирија, Дамаск. Тројца цивили загинаа, а 9 се повредени во воздушниот напад, објавија сириските државни медиуми рано утринава, цитирајќи воен извор.
Сириската државна телевизија претходно објави дека еден од нејзините водители е убиен во израелски напад врз Дамаск. Остана нејасно дали водителот е меѓу тројцата цивили наведени од државните медиуми.
Неколку ракети Kaqusha беа истрелани во текот на ноќта врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, изјавија за Reuters двајца ирачки воени претставници.
Противвоздушната одбаран ги пресретнала ракетите, соопштија тие.
❗️🇮🇷🇮🇶⚔️🇺🇲 - Three rockets fired by Iranian-backed forces hit Baghdad International Airport.
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 30, 2024
One fell near the runways, another hit the Iraqi Anti-Terrorism Forces compound and the third exploded in an open area near the US military base.
There is no information about… pic.twitter.com/YQOtZQ8PFG
Безбедносни извори рекоа дека првичната истрага покажала дека биле истрелани три ракети, вклучително и една што паднала во близина на згради што ги користат ирачките сили за борба против тероризмот, предизвикувајќи штета и пожар на некои возила.
Американскиот претседател Џо Бајден повика на примирје.
„Повеќе сум загрижен отколку што можеби знаете и би сакал да престанат“, им рече Бајден на новинарите на прашањето за инвазијата на Израел на Либан.
„Сега ни треба примирје“, рече Бајден.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека борбените авиони на Военото воздухопловство на Израел, под прецизно разузнавачко водство на Одделот за разузнавање, целеле неколку локации за производство на оружје и друга воена инфраструктура на терористичката организација Хезболах низ Дахија во Бејрут.
אמש, מטוסי קרב של חיל האוויר, בהכוונה מודיעינית מדויקת של אגף המודיעין, תקפו באופן ממוקד ברחבי הדאחייה שבביירות נגד מספר אתרים לייצור אמצעי לחימה ותשתיות צבאיות נוספות של ארגון הטרור חיזבאללה>> pic.twitter.com/z6WOE8gmb8
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 1, 2024
ИДФ навлезе во неколку села во источниот дел на Либан, каде што, според разузнавачите, Хезболах има инфраструктура.
Артилерија на ИДФ исто така пукаше во областа, со цел да ја уништи инфраструктурата, да ги убие членовите на Хезболах и да ги попречи нивните активности.
Копнениот маневар беше поддржан со опсежни воздушни операции насочени кон собирање разузнавачки информации за ситуацијата на теренот и насочени кон терористите кои дејствуваат во зградите.
Израелските одбранбени сили денеска соопштија дека нивната 98. дивизија почнала синоќа „ограничени, локализирани, насочени“ операции во Јужен Либан, со цел да ги избркаат силите на Хезболах од границата.
Се вели дека војниците ги поминале изминатите неколку недели на обука за операцијата, откако „поминале многу месеци“ во Газа.
After operating in Gaza, where the soldiers of the 98th division gained skills and operational experience, they moved north and are now conducting limited, localized, targeted operations that began last night.
— Israel Defense Forces (@IDF) October 1, 2024
We will continue fighting to achieve all goals of the war including… pic.twitter.com/eoSDaYbRvo
Утрово Хезболах истрела ракети врз група израелски војници во градот Метули на северот на Израел, соопштија тие.
ИДФ набргу потоа објави дека се огласиле сирени во областа Метула и дека биле забележани „неколку проектили“ како преминуваат од Либан.
Се вели дека некои биле пресретнати и паднати проектили биле идентификувани во областа.
🚨Millions of Israelis are currently in shelters as Hezbollah fires rockets at our civilians from Lebanon🚨 pic.twitter.com/m8wIRus3Yf
— Israel Defense Forces (@IDF) October 1, 2024
„Милиони Израелци во моментов се во засолништа поради заканата од ракети истрелани од Хезболах од Либан“, се вели во соопштението на ИДФ.
Либан се соочува со „една од најопасните фази во својата историја“, изјави денеска премиерот Наџиб Микати на состанокот со организациите на Обединетите нации.
Микати рече дека „околу милион луѓе“ се раселени во Либан поради интензивните израелски напади и ги повика ОН да помогнат во заштитата на своите граѓани кои не можат да се вратат во своите домови.
„Итно повикуваме на дополнителна поддршка за зајакнување на нашите напори за обезбедување основна помош за раселените цивили“, додаде тој.
ИДФ соопшти дека предупредувањата се предизвикани поради проектили истрелани кон Израел од Либан, од кои некои биле пресретнати. Повеќе ракетни сирени се огласија во Тел Авив и низ централен Израел.
Сирените се огласија во Ранана, Петах Тиква и Херцлија, меѓу другите места.
По сирените, ИДФ повтори дека предупредувањата се предизвикани поради проектили испукани кон Израел од Либан, од кои некои беа пресретнати.
⚡️BREAKING: Six Israeli settlers were injured east of Tel Aviv after a missile barrage was fired by Hezbollah from Lebanon. It is unclear whether the missile that caused the injuries was from Hezbollah or an interceptor missile. pic.twitter.com/MfONCA0Gzq
— Suppressed News. (@SuppressedNws) October 1, 2024
Корисниците на социјалната мрежа X известуваат дека 6 лица се повредени источно од Тел Авив, откако Хезболах истрелал низа ракети од Либан.
Хезболах објави дека истрелал салво од ракети Fadi-4 врз штабот на Мосад и разузнавачката база Глилот во областа Тел Авив, пренесува NBC News.
Изјавата на групата уследи по извештаите од Израел за ракети истрелани во областа, при што е повредено најмалку едно лице.
Да потсетиме, Хезболах минатата недела го нападна штабот на Мосад. Потоа следеше страшен одговор со гаѓање на командата на Хезболах, во која беше убиен лидерот на групата Хасан Насрала.
Израелската војска го обвини Хезболах дека ги претвора либанските села во воени бази.
Портпаролот на израелските одбранбени сили, вицеадмирал Даниел Хагари, рече дека милитантната група планира да ги користи базите како „база за инвазија на израелските домови во стилот на нападот на 7 октомври“.
„Тие го нарекоа овој план 'освојување на Галилеја'“, додаде тој, велејќи дека Јужен Либан е „полн со терористи и оружје на Хезболах“.
“Hezbollah had prepared to use those villages — as staging grounds for an October 7-style invasion…into Israeli homes. Hezbollah planned to invade Israel, attack Israeli communities, and massacre innocent men women and children.”
— Israel Defense Forces (@IDF) October 1, 2024
🎥Watch the full statement by IDF Spox. RAdm.… pic.twitter.com/gHnKWSPGDv
Хамас, милитантна група со седиште во Газа, започна напад врз Израел на 7 октомври минатата година, убивајќи 1.200 луѓе и зеде повеќе од 200 заложници.
Хагари рече дека израелските копнени напади врз Јужен Либан ќе бидат насочени кон упоришта на Хезболах долж границата што му се закануваат на Израел и нема да бидат војна против либанскиот народ.
„Немаме друг избор освен да го направиме тоа самите. Сакам да го објаснам тоа. Нашата војна е со Хезболах, а не со народот на Либан“, додаде тој.
„Не сакаме да им наштетиме на либанските цивили и преземаме мерки за да го спречиме тоа.
Израелски безбедносен претставник даде ажурирање за ситуацијата во Либан и јасно стави до знаење дека станува збор за „ограничена, локализирана и насочена операција“, објави уредничката за безбедност и одбрана на Sky News, Дебора Хајнс.
„Тој, исто така, нагласи дека поголема инвазија на Бејрут не е на маса. Тој навистина нагласи дека, барем засега, во однос на обемот на оваа операција, таа е многу ограничена, со војници што само ја преминуваат границата“.
Јеменските Хути извршија напади со беспилотни летала врз израелските воени постројки во Тел Авив и Еилат, рече портпаролот во телевизиско обраќање.
Милитантната група вчера се закани дека ќе започне „ескалација на воени операции“ против Израел откако собори американско беспилотно летало што леташе над Јемен.
Од нападот на 7 октомври, Хутите го гаѓаа Израел и бродовите во Црвеното Море за кои велат дека се поврзани со Израел, во знак на солидарност со Хамас во Газа.
Шефот на канцеларијата за медиуми на Хезболах, Мохамад Афиф, во вторникот изјави дека израелските војници не влегле на либанска територија и предупреди дека денешните напади врз Тел Авив се „само почеток“.
Во писмена изјава за Reuters, Афиф рече дека Хезболах не учествувал во „директни копнени судири“ со израелските војници, но дека ќе биде подготвен да го стори тоа.
Израелските трупи во Либан остануваат блиску до границата со Израел и сѐ уште не влегле во конфликт со силите на Хезболах, изјави утрово израелски безбедносен претставник.
„Овие локални акции што ги спроведуваме се многу ограничени и по обем и во делот на дејствување. Значи, во овој момент нема никаков конфликт.
Француски носач на хеликоптери ќе пристигне во Источниот Медитеран во следните пет или шест дена за да заземе позиција во случај да се донесе одлука за евакуација на странски државјани од Либан, изјави портпаролот на француската војска. Западните земји ги разгледуваат опциите за безбеден транспорт на нивните државјани од Либан доколку таму избие голема војна, при што Кипар и можеби Турција се споменуваат како можни засолништа за десетици илјади луѓе.