Живот

Се роди поларно мече во зоолошката Тирпарк во Берлин

6. декември 2018 - 17:48 | А.С.

Поларните мечки во зоолошката градина Тирпарк во Берлин заспаа во зимски сон во нивните живеалишта и ќе излезат рано напролет.

Но, зимскиот сон не важи за поларната мечка Тоња која на 1 декември роди младенче.

Нејзините две претходни младенчиња умреа поради несоодветна нега од негувателите во зоолошката.

Првите десет дена од раѓањето на поларното мече се од витално значење за нивно преживување, па затоа мајката и бебето се чуваат далеку од очите на посетителите.

Тоња ќе го покаже младенчето дури напролет.

Раѓањето на поларното мече е голема радост за берлинската зоолошка откако нивната најпопуларна поларна мечка Кнут почина во 2011 година.

Коментирај