Се самоуби познат француски готвач обвинет за силување

Смртта на еден од омилените готвачи во Франција, Таку Секине, ја потресе земјата. Пред неколку недели тој се отсели од Франција поради обвинение за обид за силување. Имаше 39 години и беше сопственик на ценети ресторани во Франција.

Канаѓанката Бони Питерс уште во август го обвини дека се обидел да ја силува во нејзиниот стан во Париз. Таа на Instagram ја опиша траумата низ која минала.

Како што тврди, една вечер со друштво пристигнала во ресторанот на Секине по што отишле во неговиот друг ресторан. На крајот на вечерта, нејзините пријатели и дечкото го повикале Секине да им се придружи на пијалак во нивниот стан. Петерс вели дека си заминала да спие штом дошле во станот и дека подоцна во ноќта Секине ја разбудил и сакал да има секс со неа. Таа го одбила и тој заминал од собата, но се вратил поагресивен и се обидел да ја силува. Кога почнала да вика помош, во собата истрчале нејзините пријатели и го избркале Секине од куќата.

Неговата сопруга: Медиумите намерно го уништија

Веста за неговото самоубиство го објави сопругата Сара Бергер, коjа ги обвини медиумите:

„Смртта на мојот сопруг не е случајна, ни вообичаена. Таку Секине си го одзеде животот поради тешка депресија предизвикана од јавни обвинувања на социјалните мрежи и еден специјализиран портал. Некои актери, особено оние од медиумите, намерно неколку недели и во отсутност на каква било формална пријава го уништија неговиот углед. Тие злонамерни луѓе организираа брутална кампања за деловно уништување на мојот сопруг, без никогаш директно да го контактираат. Со одземено право на изразување на неговиот талент, Таку, кој живееше за готвењето, два месеци се затвори дома и падна во депресија. Овој напад на неговата чест и интегритет е длабок. Во депресијата признаена и од докторите го изгуби животот. Никогаш не беше предмет на ниту една истрага или пријава. Спротивно на тоа што го тврдеа медиумите, тој никогаш не побегна во Јапонија. Остана во Франција, меѓу своите, длабоко вкоренет во јапонската култура и вредноста на честа. Праксата на трачеви, анонимни сведоштва и неосновани тврдења се знак на тешко колективно нарушување. И таа успеа да уништи страстен човек, сопруг и татко полн со љубов и внимание“, напиша Бергер.

Ниту едно официјално обвинение не е покренато против Секине и тој не беше истражуван од полицијата. Тој ги отфрли сите обвиненија изнесени единствено на социјалните мрежи и од порталот Atabula, во кои се пишуваше за „добро познат јапонски готвач“ кој „би можел да биде обвинет за силување“.

Секине тогаш истакна дека ќе се бори за да го исчисти своето име, пишува BBC.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе