ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Се сеќавате на маслосаниот Тонгоанец? Нема да го видиме во Париз

Се сеќавате ли на Пита Тауфатофуа, знаменосецот на Тонга на отворањето на Олимписките игри во Рио во 2016 година и во Токио во 2021? За жал, овој интересен спортист нема да го видиме вечерва на отворањето на Игрите во Париз.

Пита Тауфатофуа предизвика еуфорија на отворањето на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро кога на „Маракана“ се појави во традиционална тонганска носија и речиси гол.

Горниот дел од телото тогаш беше покриен само со традиционален ѓердан и големо количество масло, а беше и еден од највпечатливите спортисти на Игрите, иако не се прослави на натпреварувањето во теквондо каде што беше елиминиран во првата борба.

Она што е интересно е дека Тауфатофуа полугол го носеше знамето на Тонга на отворањето на Зимските олимписки игри 2018 во Пјончан, иако температурата беше под нулата.

Потоа ја претставуваше својата земја во крос-кантри скијање и заврши на 114-тото место од 119 натпреварувачи во трката на 15 километри.

Гледачите ширум светот нестрпливо го чекаа Пита во Токио во 2021 година, а тој и тогаш не разочара со неговата облека, која стана негов заштитен знак.

Не успеа да се квалификува за Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг, но вети дека ќе даде сѐ од себе за да се квалификува за Летните во Париз. Сепак, не успеа.

„Дадов сѐ од себе за да се пласирам на Олимписките игри. Се натпреварував во кајак и теквондо, но не успеав да ги поминам квалификациите. Им се извинувам на парижаните, петте литри екстра девствено кокосово масло што ги заштедив ќе мора уште да отстои“, рече Пита, кој на тој начин најави дека ќе продолжи да се натпреварува и ќе се обиде да избори настап на некоја од следните Олимпијади.

Сепак, со оглед на тоа дека на следните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо ќе има 42 години, а на Летните во Лос Анџелес ќе има 44, тешко дека маслосаниот Пита некогаш повторно ќе го видиме на најголемите светски спортски смотри.

Инаку, Тонга годинава во Париз ќе ја претставуваат 4 натпреварувачи - Алан Ухи и Ноелани Дај во пливање, Малесело Фуфофука во трката на 100 метри, како и Феофааки Епениса во бокс.

Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Останато

Што ако Земјата би имала уште една месечина?

Read more

15 животни кои се замрзнуваат за да преживеат

Read more

Се сеќавате на маслосаниот Тонгоанец? Нема да го видиме во Париз

Read more

Топ 10 авионски несреќи на сите времиња

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Фејлови снимени со сигурносни камери

Читај повеќе
  • play_arrow

Најскапите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна

Читај повеќе
  • play_arrow

Калиопи објави нова песна и спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирални фејлови фатени на камера

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 масивни дефекти на брани фатени на камера

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фелјови за изминатата недела

Читај повеќе
  • play_arrow

Глупавост фатена на камера

Читај повеќе
  • play_arrow

Девојкини лудории - фејл компилација

Читај повеќе