Сè што е погрешно со Barbie
Филмот Barbie на Грета Гервиг, со Марго Роби во главната улога, е еден од најуспешните филмови во историјата.
Од премиерата во јули годинава, филмот има заработено 1,44 милијарда долари на киноблагајните, со што стана филм со најголема заработка годинава, филм со најголема заработка режиран од жена, филм со најголема заработка воопшто од студиото Warner Bros. и е на 14-тото место на листата филмови со најголема заработка досега.
Екипата на Cinema Sins конечно направи анализа на популарниот и контроверзен филм и најде 121 „филмски грев“.