Сè што е погрешно со „Dredd“
„Dredd“ е научно-фантастичен акционен филм во режија на Пит Тревис, инспириран од стрипот „Judge Dredd“ и неговиот лик, создаден од Џон Вагнер и Карлос Езкуера. Главната улога на судијата Дред ја толкува Карл Урбан.
Филмот беше премиерно прикажан на Comic-con настанот во Сан Диего во 2012 година. На бокс офисот заработи 41 милион долари, а поради сцените со насилство и крв тој е прикажуван на публика постара од 18 години. Критиките за филмот претежно се позитивни.
Но, сепак, тоа не ги спречи Cinema Sins да откријат што сè е погрешно со овој филм.