Сè што е погрешно со „It: Chapter Two“
Хоророт „It: Chapter Two“ од 2019 година е продолжение на филмот „It“ од 2017 година, а двата филма се базирани според книгата на Стивен Кинг објавена во 1986 година.
Режисер на двата дела е Енди Мушиети. Дејството е сместено во 2016 година, 27 години по првиот филм, а во главните улоги се појавуваат Џесика Честејн, Џејмс Мекавој, Бил Хедер, Исаја Мустафа, Џеј Рајан, Џејмс Ренсон и Бил Скарсгард како кловнот-убиец Пенивајс.
Филмот доби мешани критики и со буџет од 79 милиони долари заработи 472 милиони долари на бокс-офисот. Екипата од Cinema Sins успеа да открие што сè е погрешно со овој филм, во ново видео.