Сè што треба да знаете за новиот MacBook Pro
Apple минатата недела ги претстави новите модели од MacBook Pro линијата, заедно со новите M1 чипови.
MacBook Pro доби редизајн и ново е речиси сè – чипови, тастатура, дизајн на куќиштето и екранот.
Најновиот MacBook Pro го движи и новиот M1 Pro чип кој беше претставен вечерва, а кој е 70% побрз од досегашната верзија на овие чипови од Apple. Исто така, претставен е и побрзиот M1 Max чип. Новиот MacBook Pro го движи 10-јадрен процесор со RAM меморија од 64 GB, а батеријата трае 21 час со едно полнење.
Погледнете ја рецензијата на The Verge во која ќе ви го претстават новиот MacBook Pro.