Кинеската компанија Xiaomi во март го претстави својот најмоќен смартфон Mi 11 Ultra.
Уредот пристигна со нов дизајн на модулот за камери во кој се наоѓа и вториот помал екран, а по тоа се разликува од основните модели Mi 11 и Mi 11 Pro.
Системот на камери е составен од сензор за длабочина од 50 МP и од ултраширока и перископска фото камера од 48 MP. Камерите имаат 5Х оптички зум и дигитален зум од 120Х.
Главниот AMOLED екран има екран од 6,81 инч со QHD+ резолуција и фреквенција на освежување од 120 Hz и Gorilla Glass Victus заштитно стакло.
Селфи камерата има 20 MP.
Уредот има Qualcomm Snapdragon 888 процесор, а има 8 GB RAM и 256 GB меморија и батерија од 5.000 мАh.
Погледнете ја рецензијата за повеќе информации: