Се степаа играчи на Голден Стејт Вориорс, ќе летаат и казни

Двајца играчи на тимот на актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс, четирикратниот Ол-стар Дрејмонд Грин и Џордан Пул се судрија на тренинг, а по вербалниот, дошло и до физички конфликт, јавуваат американски извори.

Според ESPN, Грин замавнал кон Пул за време на тренингот и го удрил откако прво се расправале, а потоа почнале да туркаат. Пул, кој е познат по тоа дека ги провоцира соиграчите за време на тренинзите и игрите, од кавгата со својот соиграч излегол без повреда и ги одработил вежбите пред да ја напушти салата.

Се очекува Грин да биде казнет за стореното. Вориорс по инцидентот го прекинаа тренингот, а од Sports Illustrated наведуваат дека ова не е првпат овие двајца кошаркари да се расправаат. Разликата е во тоа што сега имало „силен удар“, како што пишува изворот.

Грин ја започна својата кариера во 2012/13 година. а досега настапуваше исклучиво за Вориорс со кои беше четирикратен шампион во НБА. Во 2017 година беше најдобар крадец и одбранбен играч на годината и член на третата најдобра петорка во лигата. Годината пред тоа беше вклучен во вториот најдобар НБА тим. Пул е на пат да влезе во својата четврта сезона, откако беше избран од Вориорс со 28-ми пик на драфтот во 2019 година. Минатата сезона тој имаше просек од 18,5 поени, 3,4 скока и четири асистенции по натпревар.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе